Град кој може да се пофали со најдобриот квалитет на живот во светот

Квалитетот на животот е важен показател што треба да се земе предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Но, што всушност е квалитет на живот и како можеме да го оцениме?

Сè, од гастрономската понуда до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на жителите на еден град, но сосема новиот „Global City Index од Oxford Economics“ ги зема предвид шест важни индикатори: животен век, приход по лице, еднаквост на приходите, рекреација и културна понуда, брзина на интернет и трошоци за домување.

Гренобл во Франција е избран за град со најдобар квалитет на живот според овие критериуми.

„Главниот град на Алпите“ е познат како омилена планинарска дестинација, како и центар за научни истражувања, пишува „Time out“.

На второто место на листата е Канбера, главниот град на Австралија, а воедно е и единствениот неевропски град во првите десет, пренесува „Danas.rs“.

Дури три града од Швајцарија се вклучени во листата на градови со најдобар квалитет на живот во светот.

Берн е третопласиран, Базел петти, а Цирих е осми на листата.

Scroll to Top