Официјалните твитер-профили на милијардерите Бил Гејтс, Илон Маск и Џеф Безос беа хакирани во изминатиот период, пишуваат светските медиуми. Покрај налозите на тројцата милијардери, хакиран бил и профилот на американскиот претседателски кандидат на демократите Џо Бајден, како и на компаниите „Епл“ и „Убер“.
На сите биле објавени пораки во кои се бараат донации во биткоини. Многумина од тие пораки брзо биле избришани, пренесува „Ројтерс“. Од „Твитер“ соопштиле дека преку е-поштата ќе испитаат што се случило и најавија дека наскоро ќе излезат со соопштение до јавноста.
Си-ен-ен наведува дека слични вакви пораки, во кои се бараат донации преку биткоини, се појавиле и на налозите на Канје Вест и Мајк Блумберг.
„Сите ме велат дека сега е време да вратам нешто од парите“, напишал Бил Гејтс на „Твитер“ и ветил дека ќе го удвои плаќањето на адреса на биткоин во наредните 30 минути.