Германските ревизори во четвртокот открија дека од големиот германски технолошки гигант „Вајаркард“ недостигаат 1,9 милијарди евра.
Акциите на компанијата „Вајаркард“ неделава паднаа за дополнителни 50%, откако во четвртокот ревизорите објавија дека оваа финансиско технолошка група, која беше сметана за ѕвезда во германскиот технолошки сектор, на сметките на фирмите им недостигаат 1,9 милијарди евра.
Хаотичната распродажба започна вчера со падот на вредноста на акциите за дури 60%. Вчера ситуацијата ескалирала, откако двата најголеми инвеститори се заканија со судски тужби против компанијата, поради сметководствениот скандал, кој го доведе во прашање нејзиниот опстанок.
„Фајненшел тајмс“ пишува дека инвеститорот Junion Investment, еден од 10 најголеми акционери, се приклучил на фондот DVS кој се закани дека ќе ја тужи компанијата, која речиси две децении е сметана за германска успешна технолошка приказна.
Компанијата „Вајаркард“, чие седиште се наоѓа во предградието на Минхен, обработува десетина милијарди евра трансакции по кредитни и дебитни картици на годишно ниво. Аферата изби во четвртокот, кога е откриено дека недостигаат 1,9 милијарди евра, на ескор-сметките во две азиски банки.
Ернст Јанг, долгогодишен ревизор во компанијата, изјавил дека постојат индиции дека овластено лице за банкарските сметки на „Вајаркард“, се обидел да го измами ревизорот и можно е да доставил лажни изводи за сметките. Ревизорската компанија поради недостаток на пари, одбила да потпише извештај за ревизијата за 2019 година, пренесува „Ројтерс“.
Банката на Филипинските острови е една од двете азиски банки за која „Вајаркард“ тврди дека до неа депонирале пари, изјавила за британската агенција, личност запозната со случувањата. Не може да се исклучи дека „Вајаркард“ стана жртва на измама од големи размери“, изјавил главниот извршен директор Маркус Браун во видео порака.
Тој не изјавил кој е осмничениот што ја извршил измамата, додека BPI и BDO, двете филипински банки, ги демантирале тврдењата дека имало било каква врска со Wirecard.
„’Вајаркард’ не е клиент на банката. Документот во кој се тврди дека ‘Вајаркард’ има сметка кај BDO е фалсификуван, а фалсификуван е и потписот на службничката на банката“, навеле од BDO банката, а слично соопштение објавиле и од BPI.