Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот?

Постојат трикови кои можат да помогнат успешно да се елиминираат непријатните мириси од вашиот дом и облека.

Од непријатниот мирис на чадот од цигарите е тешко да се ослободите, а проветрувањето на просторијата навистина не помага многу. Чадот влегува буквално во сè: мебел, теписи, ѕидови, облека итн. Но, постојат начини кои можат да помогнат успешно да ги елиминирате непријатните мириси од вашиот дом и облека.

Есенцијални масла

Есенцијалните масла ќе внесат прекрасен мирис и ќе ги неутрализираат непријатните мириси што ги создаваат цигарите. Може да се додадат во електронските навлажнувачи на воздух или пак, доволно е да капнете неколку капки масло на памук и да го ставите во просторијата.

Сода бикарбона

Позната како неутрализатор на мирис, сода бикарбона може да се испрска на мебелот и теписите, да се остави преку ноќ и потоа да се исчисти со правосмукалка. Доколку сè уште е присутен непријатниот мирис, постапката може да се повтори.

Алтернативи без чад

Доколку не сакате да се откажете од пушењето, едно од решенијата за се ослободите од непријатниот мирис на чад од цигари е да изберете подобра алтернатива, односно уреди кои го загреваат, а не согоруваат тутунот – како што е IQOS. Бидејќи IQOS не создава чад, не остава непријатен мирис што се задржува на облеката, мебелот и просториите. Новата генерација IQOS ILUMA со технологијата на индукциско загревање, покрај тоа што го загрева тутунот, без согорување, не создава пепел и катран, повеќе нема потреба уредот да се чисти, со што значајно се унапредува корисничкото искуство. Сепак, треба да се напомене дека IQOS не е без ризик и дека е наменет само за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат цигари.

Јаболка

Помалку е познато дека јаболката имаат голема моќ да го апсорбираат чадот од тутунот. Доволно е да ги преполовите, да ги поставите на местата каде што најмногу се собира чадот и да ги оставите да го освежат просторот со пријатен мирис.

Свеќи

Не заборавајте дека украсните и миризливи свеќи, делумно ќе го апсорбираат чадот од цигарите и можат да придонесат мирисот делумно да се намали.

Scroll to Top