Истражителите во Венецуела трагаат по напаѓачите кои се обидоа да го убијат претседателот Николас Мадуро со дронови наполнети со експлозив. Пребарани се хотели, се одземаат возила и се испитуваат приведените осомничени.
Опозиционите лидери го критикуваат Мадуро и предупредија дека сака да го искористи атентатот за да ги замолчи своите критичари.
Мадуро и неговите сојузници велат дека нападот е директен доказ дека постои меѓународен план да се сруши неговата социјалистичка влада. Тој наведе дека одговорот на војската на нападот покажува дека тој и понатаму ужива доверба во војниците на Венецуела.
Министерот за внатрешни работи на Венецуела, Нестор Луис Реверол, изјавил дека во прашање е терористички напад и дека би можеле да следат уште апсења. Две експлозии одекнале во саботата додека Мадуро говорел на воената церемонија која ја пренесуваше државната телевизија.
Претседателот на Венецуела по тоа изјавил дека го преживеал нападот со дрон, а за атентатот во Каракас го обвинил колумбискиот претседател Хиана Манел Сантос, Министерот за внатрешни работи на Венецуела, Нестор Луис Реверол, рекол дека другиот дрон удрил во блиската зграда и експлодирал.
Мадуро е неповреден во нападот, а според наводите на официјалните лица, повредени се седуммина припадници на силите на безбедност, од кои тројца се здобиле со потешки повреди.