Смртоносниот коронавирус може да загрози повеќе од половината население во светот, предупредува водечкиот кинески епидемиолог Габриел Леунг од Хонгконг.
Ваквата негова прогноза тој ја најави откако првиот човек на Светската здравствена организација, Адхан Гебрејесум, изјави деа неодамнешните случаи со пациенти заболени од коронавирусот никогаш не биле во посета на Кина.
Оттука тлее опасноста дека корнавирусот се пренел на различни места низ светот, преку патувањето на луѓето. Експертите сметаат дека секое заразено лице може да зарази 2,5 други лица и да продолжи да го шири вирусот.
Оттука може да се извлече заклучок дека вирусот има „стапка на напад“ од 60 до 80 проценти, сметаат експертите.
„Шеесет проценти од светската популација е ужасно голем број“, рекол Леунг за „Гардијан“, пред експертскиот состанок на СЗО во вторникот во Женева.