Коцкестите облаци што се појавуваат на одредени снимки за теоретичарите на заговор се само уште еден доказ за постоење на програмата за контрола на климата, ХААРП.
Видеото подоле е снимено во градот Туксон, Аризона, а на него може да се видат облаци како полека се движат на небото. Снимката предизвикала лавина коментари. Според едни, таа е доказ за манипулирање со времето.
Како главен виновник ја посочуваат програмата ХААРП, која во 1993 година ја покренала американската војска и морнарица.
Критичарите на оваа програма обвинуваат дека американската војска се обидела од планетата да направи оружје и со него да ги контролира природните непогоди.
Програмата ХААРП е сместена во воената база на Аљаска, додека военото учество е прекинато во 2014 година.
Сега истата, официјално е под контрола на Универзитетот на Алјаска и служи за истражување на јоносферата за подобрување на радиокомуникациите.
Теоретичарите на заговор сметаат дека војската никогаш не излегла од програмата. Поранешниот венецуелски претседател Уго Чавез ги обвинил Американците дека го користат системот ХААРП за големи земјотреси како оној на Хаваите во 2010 година.
Сепак, многумина мислат дека во прашање е измама постигната со помош на компјутерска графика.