Кралот Чарлс го избрка брат му Ендру од Бакингемската палата

Кралот Чарлс Трети го избркал војводата од Јорк Ендру од Бакингемската палата. На персоналот им наредил да му земат работите за време на реновирањето на палатата. Како што пренесоа британските медиуми, Кралот ставил јасно до знаење дека за него нема место меѓу членовите на кралското семејство.

„Лани прво му ја затворија канцеларијата, а потоа и спалната соба“, рече анонимен извор за британскиот печат.

Ендру ги сакаше своите места во палатата каде живееше со Сара Фергусон со која се ожени во 1986 година. Тоа им беше љубовно гнездо се до разводот во 1996 година.

„Ендру донесе многу нови девојки во палатата, меѓу кои и манекенката Каприс“, рече изворот за британски „Сан“. За потсетување, Ендру претходно беше обвинет за сексуално злоставување по што се повлече од јавниот живот. Во ноември 2022 година ја изгуби и платената полициска заштита од палатата.

Војводата беше обвинет за сексуално злоставување на Американката Вирџинија Џефри, кога имала 17 години. Излегоа и тврдења дека ја нападнал во Лондон и во САД.

 

 

 

Scroll to Top