Хороскопот е алатка која ни помага да откриеме кој е најдобар во кревет, на работа, кој има најубав одраз во огледалото… Но, дали некогаш сте се запрашале кој спорт одговара на вашиот астролошки знак?
1. Овен
Овните се природни спортисти, најконкурентниот знак, бидејќи со нив владее планетата Марс.
Имаат бескрајна енергија и се незапирливи. Спортови во кои најчесто се среќаваат се бокс, фудбал и атлетика.
2. Бик
Биковите се познати по својата сила и издржливост. Нивниот методичен пристап и силната издржливост најдобро одговараат за маратони, бодибилдинг и борење.
Откако ќе се посветат на некоја дисциплина – остануваат доследни.
3. Близнаци
Близнаците се агилни, брзи и разноврсни, па затоа спортовите кои бараат брзи рефлекси и приспособливост се соодветни за нив.
Тенисот и бадминтонот се одличен избор за одржување на физичката и менталната острина за овој знак.
4. Рак
Раковите се негувачи и тимски играчи, па блескаат во спортови кои бараат поддршка и интуитивен пристап.
Најдобриот избор се веслањето, одбојката или пливањето, каде координацијата и поврзаноста се клучни.
5. Лав
Лавовите живеат за внимание и рефлектор, па затоа секој спорт во кој можат да се докажат е идеален за нив – кошарка, фудбал, секаде каде што има многу публика!
Тие се идеални капитени на тимот бидејќи имаат природна лидерска енергија.
6. Девица
Девиците се посветени на анализи и детали, па се истакнуваат во спортовите за кои е потребна прецизност.
Гимнастиката, тенисот и голфот совршено го изоструваат нивниот методичен пристап кон животот.
7. Вага
Вагите имаат вроден инстинкт за рамнотежа и естетика, па блескаат во уметничко лизгање, синхронизирано пливање, танцување или јога.
Таму каде што има убавина и нежност – има и Ваги!
8. Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и исклучително конкурентни.
Тие цветаат во боречки вештини, бокс или натпреварувачко пливање.
9. Стрелец
Стрелците се најголемите авантуристи во Зодијакот, па затоа првиот услов за да бидат успешни во спортот е ентузијазам и нови пејзажи!
Физичките активности на отворено, како возење велосипед, планинарење или џогирање, се идеален избор за овој знак.
10. Јарец
Јарците се трпеливи, амбициозни и дисциплинирани.
Вистинскиот избор за овој ненаситен знак е триатлон или маратон – затоа што нема да застанат додека не стигнат до целта.
11. Водолија
Водолиите размислуваат „надвор од кутијата“ и постојано бараат нешто иновативно.
Спортовите како спортско качување или паркур се идеални за задоволување на умот и духот на Водолијата.
12. Риби
Рибите се креативни и интуитивни, а бидејќи се воден знак, водата е нивното природно живеалиште.
Пливањето, сурфањето и нуркањето треба да бидат меѓу првите избори на овој знак.