Од Американската вселенска агенција НАСА, лансираа во вселената летало „Дарт“, кое треба да удри во предметот Диморфос. Америкацните имаат во план да утврдат колку може леталото да ја промени брзина и патека на движење на Диморфос.
Целиот овој проект чини 325 милиони долари, а „Дарт“ би требало да удри во Диморфос со брзина од 15.000 километри на час, што би требало да се случи во септември 2022.
Со оваа мисија Американците сакаат да ја тестираат технологијата која во идниа би можела да не спаси од астероиди или судар на големи вселенски карпи во нашата планета.
„‘Дарт‘ минимално ќе го промени периодот на орбитата на Диморфос и тоа е сѐ што е потребно во случај опасен астероид да е откриен на време. Иако допрва треба да стигнеме до Диморфос, ова е огромен чекор напред“, изјави Кели Фест од канцеларијата за координација на планетарната одбрана во НАСА.
Од НАСА велат дека Диморфос е со големина од 160 метри, а предмети со толкава големина лесно можат да предизвикаат експлозија слична на онаа на нуклеарна бомба.
Ако мало парче космички отпад од неколку стотини метри се судри со нашата планета, тоа би предизвикало уништување на цел континент, предупредуваат научниците.