Лицата одговорни за базата на податоци за следење на астероиди во НАСА потврдија дека најголемиот астероид од 2022 година моментално се приближува до Земјата, пренесе tweaktown.
Астероид кој го доби името 7335 (1989 JA) се проценува дека е околу четири пати поголем од „Емпаер Стејт Билдинг“. Од Центарот за проучување на објекти блиски до Земјата (CNEOS) на НАСА, велат дека астероидот ќе ѝ се доближи на Земјата на 27 мај.
„Тоа значи дека џиновската вселенска карпа во моментов се движи кон Земјата“, велат од НАСА.
Базата на податоци CNEOS покажува дека астероидот безбедно ќе помине покрај Земјата на растојание од околу 2,5 милиони милји, или околу 10 пати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, што е приближно 250.000 милји.
Понатаму, проценките се дека дијаметарот на астероидот е екстремно голем 1,1 милји, а поради неговата близина до Земјата и неговата огромна големина НАСА го класифицирала 7335 како потенцијално опасен (PH).
Класификацијата PH значи дека ако орбитата на астероидот се смени и почне да се движи во правец кон Земјата, тоа би предизвикало сериозна штета.
Следното приближување на астероид до Земјата нема да се случи дури на 23 јуни 2055 година, велат од НАСА. А, кога ќе се случи тоа, астероидот ќе биде на далеку поголемо растојание од овој сега. Тој ќе помине покрај нас на растојание 70 пати поголемо од она меѓу Земјата и Месечината.
7335 ќе патува покрај Земјата на 27 мај со 47.200 милји на час и е само еден од речиси 29.000 објекти блиску до Земјата што истражувачите на НАСА ги следат деноноќно.
Претходно беше наведено од НАСА дека агенцијата засега нема забележано астероиди со дијаметар од 500+ стапки, за кои се смета дека имаат шанса да удрат на Земјата во следните 100 години. И покрај недостатокот на опасни астероиди, НАСА сè уште ја зајакнува планетарната одбрана во случај да откријат нов астероид кој може да ја погоди Земјата во наредните 200 години.