Николас Мадуро: 20 милиони долари се нудени за моето убиство

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјавил јавно дека било нарачано негово убиство, а цената за неговиот живот изнесувала 20 милиони долари.

„Проектот за моето убиство, цел, обид, беше извршен на 4. август, а чинеше неколку милиони долари. Се зборуваше дека за мојата глава се нудени 20 милиони долари“, изјавил Мадуро, говорејќи пред неговите војници.

Тој им се заблагодарил на припадниците на известувачките служби и полиција за храброста која ја покажале со цел да го заштитат претседателот.

Во август минатата година два дрона биле опременети со експлозив и детонирани во близина на Мадуро, додека претседателот зборувал на воената прослава по повод одбележувањето на 81 годишнината од Боливарската национална гарда.

Венецуелските власти уапсиле шест лица осомничени за употреба на дронови со по еден килограм експлозив, во обдид за атентат на претседателот на државата.

 

 

Scroll to Top