Нострадамус предвидел дека Чарлс ќе владее кратко

Јасновидецот Мишел де Нострадамус, ја предвидел точната година на смртта на кралицата Елизабета II, тврди авторот Марио Ридинг, а предвидел и дека кралот Чарлс ќе владее кусо откако ќе стапне на тронот.

„Предвидувањата се дека кралицата Елизабета II ќе умре околу 2022 година, на возраст од околу 96 години. Нострадамус ја напишал фразата „Крал на островите“ во една од неговите песни, наводно мислејќи на предвидувањето дека поголемиот дел од Комонвелтот ќе се отцепи за време на владеењето на кралот Чарлс III“, вели тој.

Според истите предвидувања, Рединг утврдил и дека Чарлс ќе дојде на тронот на 74 години, но дека возраста ќе го принуди да абдицира.

Една реченицата на пророкот е особено интересна. „Него ќе го замени човек кој никогаш не очекувал да биде крал“, што според Марио значи дека Вилијам нема да седне на тронот. Рединг мисли дека постои дури и можност Хари да стане крал.

Scroll to Top