Нова болест многу поопасна од коронавирусот, се појави чума во три облици, која покоси милиони животи

Во светот се појави нова болест, многу поопасна од коронавирусот, која им го покоси животот на милиони луѓе, пренесува српски „Курир“. Оваа болест се појавила во три облици, сметаат експертите. Болеста, која во средниот век покосила милиони животи во Европа, сега предизвика загриженост во Кина по појавата на еден нов случај.

Но, во регионот на внатрешна Монголија, каде што неколку луѓе уште минатата година се заразиле со оваа смртоносна болест, сега во сила е само трет степен на тревога.

Брус Ли, експерт професор и експерт во здравството, објаснува за „Форбс“ дека, иако се работи за озлогласената бубонска чума, во денешно време нема многу простор за паника за оваа болест.

„Да, оваа е чума што ја предизвикува бактеријата Yersinia pestis и која не може да се пренесе на луѓето откако бубачките ќе ги изедат заразените глодачи. Да, тоа се бубачки што ги гризат животните, како што се глувците, лилјаците и мрмотот. Да, бубачки што гризат глувци не е убава слика. Да, Yersinia pestis е тоа што ја предизвикало црната смрт, која во средината на 1300 година убила над 50 милиони луѓе во Европа. Да, имаше уште четири случаи на чума во внатрешна Монголија уште минатиот ноември. Па зошто властите во местото Бајанур повикале само на предупредување од трет степен, а не на предупредување од прво или второ ниво? Како што пренесува ‘Ројтерс’, предупредувањето од трето ниво забранува лов и јадење животни кои може да пренесат чума и се бара од јавноста да известува за сите сомнителни случаи на чума или треска, без јасни примероци, и да ги пријави сите болни или мртви мрмоти. Тоа не е баш некој одговор кој вели дека станува збор за нешто опасно. На крајот на краиштата, тоа е само чума. Нема потреба од паника. Ова не е 14 век. Сигурни сте во 2020 година, безбедни, барем што се однесува до чумата. Сега постојат антибиотици, како ‘стрептомицин’, ‘гентамицин’, ‘доксициклин’ и ‘ципрофлоксацин’, кои лесно може да ја излекуваат чумата, под претпоставка да се применат на време“, напишал Ли за „Форбс“.

Иннаку, одвреме-навреме случаи на бубонска чума се јавуваат и на други континенти.

„На пример, во САД во 2000 година просечно се пријавуваат седум случаи на чума кај луѓето. Најголемиот биланс бил 17 во 2006 година. Повеќето од овие случаи биле во западниот и југозападниот дел на САД“, вели Ли.

Но, тоа никако не значи дека чумата не е и понатаму опасна болест.

„Ако имате температура, треска и слабост, немојте да мислите дека е подобро да имате токму чума. Без антибиотиците, шансите се прилично лоши. Од 30 до 100 % од луѓето умираат, според податоците на Светската здравствена организација. Важно е да се добие брза дијагноза и третман. Немојте да мислите дека ако сте заболени од чума, лесно ќе ја прележите. Чумата доаѓа во три облици. Симптомите обично се развиаат од три до седум дена по почетното изложување на бактериите“, вели Ли.

Според неговото објаснување, трите облици на чума се бубонската, септичната и пневмоничната, а секоја од нив со себе носи последици.

Бубонската чума се одликува со инфекции на лимфните жлезди, кои лесно се прошируваат низ телото ако не се користи антибиотик. Таа понатаму може да се развие во септична и пневмонична.

Септичната се јавува кога бактеријата ќе стигне во крвотокот и може да доведе до абдоминална болка и шок. Во тој момент се случува често крвавење на кожата и на слузницата. Прстите и носот стануваат црни, па отпаѓаат.

Пневмоничната е најлошата верзија затоа што не само што предизвикува тешко воспалување на белите дробови и шок туку таа е и единствениот облик на чума што може да се пренесе од човек на човек преку респираторните капки.

Случаите на чума не се невообичаени во Кина, но заразите се редат, пишува „Ројтерс“ и укажува дека Кина од 2009 до 2018 година пријавила 26 случаи на заболени и 11 смртни случаи.

Потврдата за кинеските здравствени власти е пастирот во внатрешна Монголија, кој е заразен со бубонска чума. Тоа покажува дека старата закана од чума останува и во време додека светот се бори со пандемијата на новиот вирус Ковид-19, пишува „Њујорк тајмс“.

Здравствените власти во Бајанур соопштиле дека пациентот е во стабилна состојба во болницата. Градските власти исто така навеле дека мерките за спречување на чумата остануваат во сила до крајот на годината.

Пневмоничната чума, ако не се лекува, неизбежно води до смрт, а бубонската чума, според Светската здравствена организација, е фатална во 30 до 60 % од нелекуваните случаи.

Додека Кина ги намалува случаите на коронавирусот речиси на нула, остануваат другите заразни закани, истакнува „Асошиетед прес“ и укажува дека покрај коронавирусот, кој првин е забележан во кинескиот град Вухан на крајот од минатата година, Кина се соочува и со африканската свинска треска.

Светската здравствена организација не смета дека бубонската чума во Кина претставува голем ризик, изјавило неименувано лице од таа организација. Тој изјавил дека Кина добро го контролира ширењето на бубонската чума.

Извор/Курир.рс/Ројтерс 

 

 

Scroll to Top