Новинар убиен затоа што го открил лажирањето на кризата и лажниот напад од вонземјани

Канадскиот новинар и истражувач Серж Монаст (1945-1996) прв предупредил на проектот „Blue Beam“ (Син зрак(, уште во средината на деведесетите, а потоа изненадувачки починал под сомнителни околности.

Планот се одвивал во четири чекори, а крајниот резултат би требало конечно и во целост да го воспостави новиот светски поредок, со нова антихристова вера.

Ако се земе во предвид дека за добробидот што може да го добие човештвото, од нападот на вонземјаните на планетата Земја, размислуваат голем број на научници, но и политичари, можноста да некој планира такво сценарио не звучи сосема неверојатно.

Поранешниот претседател на САД, Роналд Реаган, во неколку свои претседателски говори изјавил дека човештвото би го обединило еден било каков напад на вонземјани. Од друга страна Паиул Кругман, истакнат американски економист, изјави дека лажен напад од вонземјани, сигурно би ја разнишал економијата.

Во 21 век, речиси ништо не е невозможно. Па дури ни да се лажира Апокалипса. Барем така тврдат многумина извори од интернет, кој се повикуваат на приказни за проектот на НАСА „Blue Beam“ (Син зрак).

Прв за наводниот проект предупредил новинарот и истражувач Серж Монаст, (1945-1996) чии дела за масонските теории на заговор и новиот светски поредок и денеска се многу популарни и цитирани.

Монаст не можејќи туку така да ја шири својата вистина, ја основал Слободната новинска агенција (AIPL,  I’Agence Internationale de Presse Libre), која ги објавила неговите работи и предупредувала на опасноста која се заканува од светската влада.

Својата прва приказна за Синиот зрак ја објавил во 1994 година, а во 1995 година и својот најдобар труд „Протколите на Торонто 6.6.6“ (Les PROTOCOLES DE Toronto (6.6.6), напишан по примерот на „Протокотл на сионските мудреци“, каде навел дека масонската група 6.6.6 се подготува во рок од 20 години, да воспостави нов светски поредок и да има контрола врз умот на поединците.

Во периодот од 1995 до 1996 година, Монаст се пожалил дека го прогонуваат полицијата и властите, поради учеството во „мрежата на забранети информации“ и дека се плаши за својот живот. Во септември 1996 година, канадските власти му ги одземале неговите две деца, поради тоа што ги школувал дома, а не во државните школи.

Нешто подоцна во декември, после една ноќ помината во притвор, умрел во домашни услови, а како причина за неговата смрт службено било утврдено дека станува збор за инфаркт, иако до тогаш тој не боледувал и немал никакви проблеми со срцето. Симпатизерите на Монсанто денеска тврдат дека смртта всушност била насилна и изведена со психотронско оружје, како и тоа дека ваквиот пристап е вообичаен кога се работи за откривање на Новиот светски поредок.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top