„Њујорк тајмс“ со сторија за финансирање истражувања за НЛО

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави сторија поврзана со финансирањето на истражување на УФО во вселената од страна на американското Министерство за одбрана.

Ваквото финансирање се случувало во периодот од 2007 година до 2012 година, а од буџетот биле издвоени 22 милиони долари. Во приказната се вклучени три извори кои ја откриле информацијата, таканаречени свиркачи.

  1. Луѓе од висок ранг во федералната влада веруваат дека вонземјани ја посетиле планетата Земја.
  2. Воени пилоти снимиле видео од УФО со изведени маневри кое ниту едно земјено летало не е во состојба да ги направи.
  3. Во групата на градби во Лас Вегас владата дозволува да се користат материјали кои верува дека асоцираат на УФО.

Точките под еден и два можеби изгледаат чудни, но многу луѓе веруваат во посета на вонземјани на планетата и дека пилотите понекогаш можат да снимат некој чуден феномен во атмосферата објаснувајќи дека можеби станува збор за вонземјани, но можеби и за временски балон, лансиран сателит или, пак, соларна ерупција.

Сепак, точката под број три е малку потешко да се разбере. Дали навистина постојат материјали кои не се од овој свет?

Еден од авторите на „Тајмс репорт“, Ралф Блументал, има нешто да каже во врска со оваа тема:

„Ги проучивме материјалите од кои се изградени овие градби со цел да откриеме од што се состои градбата, со каква технологија е работена. Кога побаравме објаснување од ‘Блунтхал’, тие ни одговорија дека немаат познавања, дека ги проучуваат во овој момент, но дека се направени од некаква компонента која засега не можат да ја распознаат“.

Хемичарите од „Лајф саенс“ разговараа со експерти со цел да го идентификуваат материјалот,

Ричард Сахелбен, пензиониран хемичар и член на Американскиот хемиски панел од експерти, истакна дека е невозможно да не знаат за каков материјал се работи.

Легурите се мешавина од различни метали на Земјата и ги има во огромна количина и на друго место. Месингот е легура. Дури и најприродното злато на Земјава е направено од елементи на злато помешано со други метали, како среброто или бакарот.

Меј Њуман, професор на Државниот универзитет Орегон, за „Лајф саенс“ истакна дека ваквите податоци вклучуваат директни техники за идентификација на металите.

Доколку се појави непознат метал, Њуман вели дека би било лесно да се открие за што се работи.

„Со помош на X зрачната дифракција, може да се откријат мешавината на формата на атомите и одредената структура“, вели Њуман. „X зраците се со иста големина како и дистанцата помеѓу атомите, па тоа значи дека влегуваат во материјалот и му ги менуваат формата и интензитетот, и од тој патерн можете да добиете информација која ви го кажува растојанието меѓу атомите, за какви атоми станува збор, и по кој редослед се распоредени. Ви открива сè за нив. Ова се стандардни техники кои се прават во истражувачките лаборатории, па ако имаме откриено мистериозни метали, можете да ги однесете во кој било универзитет и можат да ви ги откријат елементите за само неколку часа“.

Со ваквото објаснување се согласува и Сахелбен.

„Не може да седиме на некое место без да знаеме од каков материјал е направено истото. Всушност, многу е едноставно, и секој добар металуршки студент може да ви го изведе тоа“, вели тој.

Њуман истакна дека доколку металите паднале од некакво мистериозно летало, некои форензичари со помош на експрименти можат да ви дадат брзи одговори за каков тип летало станува збор.

„Како може да се промени парчето метал?“ прашува Њуман.

„Од моја научна перспектива, тоа е прашањето кое јас би си го поставил. Можеби има врска со светската политика, и сакаме да откриеме од каде потекнува металот. Можеби некои анализи можат да нè одведат до местото каде што е произведено истото или која земја го користи истото“.

Ако леталото доаѓа од вселената, Њуман вели дека на металот на леталото ќе се утврделе вселенски остатоци, како јонизација или нешто друго.

Ако постои објаснување, барем што се однесува до металите, Сахелбен вели:

„Нема многу мистерии во науката, како што луѓето си мислат. Не дека ние знаеме сè. Не знаеме. Но повеќето работи ги знаеме и можеме да утврдиме што знаеме а што не“.

 

 

 

Scroll to Top