Најтажната принцеза во светот боледува од епилепсија, од кралското семејство долго време ја криеле дијагнозата

Принцезата од Монако, Шарлин, позната и како најтажната во светот, наводно боледува од епилепсија пишува списанието You. Болеста ѝ била дијаностицирана минатото лето, додека била во посета на Јужноафриканската република.

Досега доживеала неколку напади, а се случувало и да се онесвести, пишуваат медиумите.

Откако ги оперирала синусите, таа се повлече не само од јавниот живот, туку и од нејзиниот сопруг и деца, што ѝ предизвикало дополнителен стрес. Неколку недели паѓала во несвест, поради што морала да ја однесат и во болница во градот Дурбан. Таму ѝ била дијагностицирана епилепсија.

„По операцијата принцезата мореше строго да мирува. Но, не се држеше до советите и упатствата на лекарите и доби тешка инфекција попратена со висока температура. Тоа беше клучот за епилептичкиот напад“, рече извор близок до принцезата.

Таа наводно не можела да се помири со фактот дека ќе мора да пие лекови целиот живот за да може да ја контролира епилепсијата. Тоа ѝ паднало многу тешко, затоа што во минатото била врвен спортист и била со одлично здравје.

За потсетување, во јавноста досега се ширеа гласини дека таа доживеала нервен слом само затоа што не можела да се помири со аферите на нејзиниот сопруг, принцот Алберт. Сега многумина прашуваат зошто кралското семејство ја чувале во тајна причината за нејзината здравствена состојба.

Scroll to Top