Папата Фрањо се обрати во Рим, за време на Третиот Светски собир на Народното Движење.
Тој осто ја критикуваше состојбата во современиот свет.
Обраќајки се пред учесниците на Тратиот светски собир на народното движење во Рим, тој укажа на огромните суми на пари кои се трошат на спасување на банките, а дека фактички нема средства за спасување на обичните луѓе, вклучувајќи ги и мигрантите, кои се наоѓаат во невоља.
Во продолжение тој изјави:
„Кој владее со светот? Парите и банките. Како владеат? Со помош на создавање на страв, нерамноправност, економска, социјална, културна и воена сила која раѓа се ново и ново насилие“.
Потоа повторно се врати на банките:
„Што се случува во денешниот свет кога доаѓа до банкрот на банките? Веднаш се појавуваат скандалозни големи суми за нејзино спасување. Но, кога доаѓа до банкрот на човештвото, не се наоѓа практично ни илјадити дел од тие средства за да се спасат нашите браќа. Така Средоземното море стана гробишта за мигрантите. И не само Средоземното море“.
Франциско ја нарече ситуацијата со мигрантите од Ефрика и Блискиот исток кој се упатија кон Европа, срамна. Оцени дека таквата ситуација предизвикува неправеден општествено-политички систем и војни, а за истите самите мигранти не сносат никаква вина.
Папата, како што се гледа, не ни се обиде да укаже на тоа кој е виновен за војните во Африка и на Блискиот Исток. Веројатно затоа што не сакал да го упати прстот кон западните земји, НАТО и нивните сојузници, и вазалите меѓу арапските сунитски режими.
Од почетокот на 2016 година, во Европа преку морето стигнаа повеќе од 328.000 бегалци и мигранти.
Преку 4200 иснечзнаа во брановите на Медитеранот.