Жителите на Париз вчера на референдум одлучија уште 500 улици во нивниот град да станат пешачки. Околу 65,96 отсто од жителите на француската престолнина го поддржаа предлогот, додека 34,04 отсто беа против, според официјалните резултати од гласањето.
На референдумот излегле само 4,06 отсто од гласачите.
Ова е трет референдум од ваков вид во Париз во последниве години, по оној во 2023 година со кој се забранија електричните скутери и минатогодишниот кој тројно ја зголеми цената на паркирањето за големите СУВ автомобили. Со вчерашниот референдум ќе бидат отстранети уште 10.000 паркинг места, покрај веќе отстранетите 10.000 до 2020 година. Жителите на градот ќе одлучат кои улици ќе станат само пешачки.
Податоците од париското градско собрание покажуваат дека сообраќајот во градот е преполовен откако социјалистите ја презедоа власта на крајот на 21 век, пишува Ројтерс.