Една од најневеројатните поп-културни заговори е таа за наводната смртта на Пол Макартни, англискиот пејач и текстописец и еден од основачите и членови на легендарната британска музичка група „Битлси“.
Многумина теоретичари на заговори веруваат дека тој загинал во 1966 година кога групата била на самиот врв на славата.
Заговорниците веруваат дека другите тројца членови ја прикриле неговата смрт заменувајќи го со човек што многу личел на него.
Издадените плочи во подоцнежниот период се доказ за тоа. Заговорниците сметаат дека албумот The Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club е преполн со зборовите A Day in the Life, Paul is dead, miss him, miss him, кои се доказ за смртта на музичарот.
Списанието „Тајм магазин“ тврди дека ако се постави огледало пред насловната страница на албумот Sgt Pepper, зборовите Lonley Hearts на логото на тапанот ќе може да се прочитаат како 1 ONE 1 X HE DIE 1 ONE 1.
Сепак, она што најмногу фрла сомнеж за смртта на Макартни е насловната на албумот Abbey Road, во која Ленон е облечен во бело и го води погребот преку улицата. Ринго го следи во црно, а погребникот и Џорџ, кои се облечени во фармерки, се копачи на гробот.
Пол Макартни чекори со остатокот од бендот, но е бос. Музичарот немал потреба од чевли во задгробниот живот, сметаат заговорниците.
Според нив, денешниот Пол Макартни, кој се уште е жив , не е оној од групата Битлси.