Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да избегне одговорности во домот и околу децата. Оваа тивка фрустрација некогаш е можно да кулминира… Преку глава им е да се чувствуваат како дадилка, домаќинка и психотерапевт.
Сè повеќе жени сфаќаат дека останувањето во брак кој повеќе не им одговара не е нивната единствена опција.
Иако причините за развод се лични и различни за секоја жена, многу од нив споделуваат слични чувства на незадоволство, па затоа се одлучуваат за развод.
Не се работи секогаш за драматични кавги и неверства… Понекогаш, тоа се тивки, суптилни проблеми што полека излегуваат на површина.
Зошто жените се одлучуваат за развод:
Повеќе не се истата личност
Со тек на време, жените се менуваат и растат, додека партнерот останува ист – разликите стануваат огромни.
Се омажиле под притисок или затоа што сметале дека „време им е“
Многу жени се венчаваат поради очекувањата од семејството, партнерот или општеството, а не поради вистинска желба.
Ги жртвувале своите соништа
Кариера, патувања или лични цели оставени на страна заради брак и семејство може да бидат причина за фрустрација, а чувството на изгубен личен идентитет расте од ден на ден.
Се чувствуваат како дадилка, домаќинка и психотерапевт
Сите обврски паѓаат врз нив, додека партнерот не покажува иницијатива околу обврските во домаќинството.
Се соочуваат со „селективна неспособност“ на партнерот
Партнерот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да избегне одговорности.
И пријателките се разведуваат
Гледајќи блиски жени како се ослободуваат од токсичниот брак и стануваат посреќни по разводот, добиваат храброст и тие самите.
Го гледаат негативното влијание врз децата
Живот во токсичен брак носи штета и за децата, и за сите вклучени.
Постојаните расправии станале „нормала“
Секојдневниот ритам со конфликти станува исцрпувачки и без излез.
Го гледаат бракот како мачна обврска
Идејата за уште 30 години во несреќен брак им станува неподнослива.
Станале само цимери со партнерот
Љубовта и блискоста исчезнале, останале само секојдневните обврски.
Постојано внимаваат што и како ќе кажат
Секој разговор е можен конфликт и психичкиот товар им станува преголем.