Раде Марковиќ добил непристојна понуда од поранешниот обвинител на ХАГ, за да сведочи против Милошевиќ, вели неговиот адвокат

Поранешниот главен обвинител во Хашкиот трибунал Џефри Најс, му понудил на некогашниот шеф на Ресорот на државната безбедност Раде Марковиќ, да соработува со обвинителството и да сведочи на судењето на Слободан Милошевиќ.

Еден од тогашните бранители на Марковиќ, Горан Петронијевиќ, открил непознати детали за процесот против Милошевиќ и додал дека Најс му понудил на Марковиќ, промена на идентитетот и милион долари.

„Комплетно нов идентитет, преселување со семејството во трета држава, имотно обезбедување до крајот на животот, а спомна и три милиони долари“, изјавил Петронијевиќ за ТВ Прва. Но, Марковиќ тоа не го прифатил.

Тој заминал во Хаг и неговото сведочење според зборовите на Петронијевиќ на хашките обвинители не им се допаднало. „Тоа беше лош потег на обвинителите. Тоа не требаше да се случи“, вели Петронијевиќ, коментирајќи ја улогата на обвинителот во процесот на преговарање со сведоците соработници.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top