Пратеничката Наталија Поклонска смета дека коронавирусот можно е да настанал како резултат на лабораториски експеримент.
„Новата инфекција на коронавирусот можно е да се појавила во текот на некое лабораториско истражување. Нагласувам, не сум експерт и тоа е само мое мислење. Сметам дека пандемијата е резултат на непостоење на независен и здрав механизам со кој ќе се контролира начинот на делување на различните видови на лаборатории за изработка на бактериско, биолошко оружје“, изјавила Поклонска за „Спутник“.
Според нејзиното мислење, потребно е да се изврши проверка на сите биолошки лаборатории во светот. Според последните податоци на СЗО, до денес во светот забележани се над 2 милиони заболени од коронавирусот, а починати се над 130 илјади луѓе.
Наталија Поклонска е руска политичарка, адвокатка и пратеничка на Државната дума на Руската Федерација од 5 октомври 2016 година. Важи за близок човек на Путин.
Таа е поранешнен врховен обвинител на Република Крим, Русија, од 25 март 2014 година до 6 октомври 2016 година. Од 11 март 2014 година до 17 март 2014 година, таа беше Врховен обвинител на Автономната Република Крим во рамките на Украина и Независната Република Крим.