Само дилетанти веруваат дека САД можат да ја изолираат Русија во ОН

Едно од главните достигнувања на американскиот претседател Доналд Трамп во првите 100 дена на власт е изолацијата на Русија во Обединетите нации, сметаат од Вашингтон.

Руските аналитичари, сепак, оценуваат дека ваквите изјави од Белата куќа предизвикуваат смеа и ништо повеќе од тоа, додека политичарите порачуваат дека „изолацијата на Русија во Обединетите нации е невозможна“.

Во соопштението од Белата куќа кое било пуштено во јавноста пишува дека главна заслуга на Трамп е тоа што уште повеќе ги изолирал Сирија и Русија во Обединетите нации со својата успешна дипломатија со претседателот на Кина, Хи Јинпинг.

„Изолацијата на Русија во Обединетите нации“ не мина незабележано во Москва. Политиколозите сметаат дека таквото соопштението на американската администрација нема врска со реалноста и дека не би требало да се земе предвид.

„Американците нè гледаат како некоја ‘синусоида’. Кога кај нив има избори, тогаш Русија за нив е голема, моќна земја, која им го бира претседателот и слично. А ако им одговара, нè гледаат и како земја ‘поделена на парчиња’  што се наоѓа на маргините на историјата. Таквите изјави не би требало да се негираат, а исто така со нив не треба да се спори. Треба едноставно да се прифатат со насмевка. Тоа е како и кај уметниците, секогаш може да се каже дека тој на тоа така гледа“, вели политикологот и експерт за американски прашања Михаил Синелљников Оришак.

Се огласија бројни руски политичари. Поранешниот заменик-генерален секретар на Обединетите нации и актуелен претседател на Советот за меѓународна соработка во Општествената комора на Русија, Сергеј Оргоникиџа, смета дека Русија е невозможно да се изолира во ОН, а дека таквите изјави претставуваат дилетанство од страна на претставниците на САД.

„Само дилетанти во надворешната политика можат да мислат дека Русија може да биде изолирана во Обединетите нации“, вели тој.

Претседателот на Одборот за информациска политика на Советот на Федерација, Алексеј Пушков, смета дека желбата на Трамп е да ја изолира Русија и да ја осуди на пропаст.

Тој наведе дека новата американска администрација дава такви насоки и се движи по патот на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој исто така најавуваше „изолација на Русија во Обединетите нации“, нарекувајќи ја земјата „самозалажувачка“ и „невозможна мисија“.

Заменик-претседателот на Комитетот на Советот на Федерација за одбрана и безбедност, Франц Клинчевиќ, смета дека за првите 100 дена на власт Трамп не направил ниту еден реален чекор со кој би се подобриле руско-американските односи. Тој исто така наведува дека не може да стане збор за никаква изолација на Русија, истакнувајќи дека тоа е невозможно.

Освен тоа смета дека нападот на САД на сириската воздухопловна база Шајрат речиси во целост ги растури надежите за заедничка акција на Русија и САД во борбата против радикалниот исламски тероризам.

Клинчевиќ исто така оцени дека Трамп не само што не успеал да го надмине антирускиот тренд на надворешна политика што ја наследил од претходната администрација туку не се ни обидел тоа да го направи.

„Сега нема да пренагласиме ако го наречеме уште ‘поголем католик од римскиот папа’. По стапките на русофобија, Доналд Трамп е далеку пред своите претходници. Моето предвидување кое се однесува на иднината не е исполнето со оптимизам, и може да се каже дека нè очекува уште полошо“, заклучи Клинчевиќ.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top