„Малиот астероид кој ќе пролета покрај Земјата на 12 октомври ќе им даде на научниците драгоцена можност да научат нешто повеќе за неговата орбита и составот“, се наведува во соопштението.
Кога бил откриен во 2012 година, астероидот на астрономите им задал голем број на прашања. Поради големата орбита, знаеле дека нема да имаат можност да го следат пет години, и не биле во целост сигурно колку тој ќе се приближи до Земјата.
Оддалеченоста од 44.000 километри е со слична оддалеченост од најодалечениот сателит во орбитата.
Научниците истакнуваат дека астероидот со ваква големина, доколку би влегол во Земјината атмосфера, би го предизвикал истиот ефект како и метеоритот кој во февруари во 2013 година, патувал во Чељабински, пишува Б92.
Asteroid 2012 TC4 will pass Earth at 44000 km in October, providing scientists valuable opportunity to study ithttps://t.co/NuQSTxZzbu pic.twitter.com/E9ys6ddif0
— ESA (@esa) 10 August 2017
„Кампањата за набљудување на 2012 TC 4 е дел од широката меѓународна иницијатива која ја предводува НАСА. Оваа кампања е сјајна можност да се спроведат меѓународните способности за пронаоѓање и праќање на објекти во близина на Земјата, како и за проверка на нашата можност за давање на заеднички одговор на реалната закана од астероиди“, наведе ЕСА.