Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп, со децении го криело своето германско потекло, пишува Hiatory.com. Има повеќе од еден век, како Фридрих Трамп, купил еднонасочна карта за Америка, а сега неговиот внук стана 45. претседател на САД и се бори за уште еден мандат.
Фридрих Трамп, на 7. октомври, 1885 година, како 16. годишен германски бербер, купил еднонасочна карта за Америка, во обид да избегне три години задолжителен воен рок во Германија. Бил дете кое брзо се разболувало и бил неподобен за извршување на тешка работа.
Можеби било илегално, но на Американците не им било премногу важно за кршењето на овој закон. Во тоа време, Германците биле пожелни мигранти, а Трамп бил дочекан со раширени раце. Неполни две недели подоцна, тој стигнал во Њујорк, каде на крајот се стекнал со големо богатство, пишува Hiatory.com.
По, повеќе од еден век подоцна, неговиот внук Доналд Трамп стана 45. претседател на САД. Сепак со децении се проучувало семејството на Доналд Трамп и неговото германско наследство. Некои тврдат дека неговите корени потекнуваат од Скандинавија.
„Тој дојде од Шведска како дете“, навел Трамп во коавторската книга „Уметност на договорот“.
Всушност нивниот роднина и семеен историчар Џон Волтер, за „Њујорк тајмс“, изјавил дека Трамп ја чувал оваа измама на барање на сопствениот татко Фред Трамп, кој замижал за своето германско потекло за да не ги вознемири еврејските пријатели и клиенти.
„По војната, тој и понатаму беше Швеѓанин. Лагата се ширеше, ширеше, ширеше“, изјавил Волтер.
Трамп е син и внук на имигранти. Германец од страната на татко му, а Шкот од страната на мајка му. Никој од неговите баба и дедо не се родени во САД и само еден негов родител бил роден во земјата на која тој сега е на власт.
Фридирх Трамп пристигна во САД за време на поплавите во Германија. Само таа година околу милион луѓе тргнале на пат кон Америка. „Тајмс“ пишува дека тоа било почеток на авантуристички живот за берберите, угостителите, хотелиерите, претприемачите и њујоршките инеститори.
Тој се оженил со жена од германскиот роден град Калштат, каде неговите родители имале виноград и се обидел со своето богатство да се врати во татковината. Но, кога неговот избегнување за германското потекло, дошло до израз, двојката го изгубила германското државјанство и бил обврзан засекогаш да остане во Америка.
Во САД тие добиле три деца. Таткото на Трамп, Фред, е средното дете. Тој е роден во општината Бронкс во Њујорк, во 1905 година и не говорел германски јазик. Подоцна станал еден од најуспешните млади бизнисмени во градот. Се стекнал со богатство дури и кога многу околу него, финансиски пропаднале.
На средината на триесетите години, Фред Трамп, заминал на забава облечен во фино одело и носел бркови како свој заштитен знак. Двете сестри од Шкотска исто така биле тука со него. Младата Мери Ен Меклеод, исто така размислувала да се врати во својата татковина.
„Нешто пламна меѓу собарката и могулот“, пишува Мајкл Краниш во биографијата за Трамп. Кога Трамп ноќта се вратил во својот дом, кој го делел со мајка му, објавил дека ја запознал жената со која планира да се ожени.
Меклеод, можеби живеела во сиромаштија во САД, но нејзиното потекло било уште помалку примамливо. Таа била дете на рибари и земјоделци и била најмлада во семејството од десетте деца родени во селото Тонг на шкотскиот остров Луис.
Ова огромно семејство кое говорело галски јазик, живеело заедно во една скромна сиромашна куќа. Сепак, во бракот со Фред Трамп, Мери Ен живеела радикално поинаков живот. Таа постојано носела бунди и патувала со јахти. Веќе во 1942 година, станала американска државјанка.
Повремено се враќала назад во родната Шкотска, каде нејзиниот син сега поседува повеќе имоти. Иако Фридрих Трамп имал умерен успех во прометот со недвижности, тој неочекувано починал за време на пандемијата со грип за време на својот 50. роденден.
Тој не доживеал да види како голем дел од неговите проекти се остварени. Неговото богатство тогаш изнесувало околу половина милион американски долари, во денешна вредност.
Под името „Елизабет Трамп и синот“, Фред Трамп и неговата мајка Елизабет, продолжиле со работата. Меѓународното потекло на Трамп се чини релативно необично меѓу американските претседатело. Од последните десетина претседатели, само двајца, Трамп и Барак Обама,имале родители кои биле родени надвор од територијата на САД.
И потесното семејство на Трамп се исто така е меѓународно. Две од неговите три жени се со потекло од Чешка и Словенија, а само едно од неговите пет деца, Тифани е дете на државјани родени во Америка.
Колку што можат биографите да забележат, ниту еден од неговите корени, не потекнува од Шведска.