Што не смеете да правите на Велики Петок

На денот на мачеништвото на Исус не се работи ништо низ куќата и полето. Јајцата може да се бојадисуваат на Велики четврток и на Велика сабота.

И во црковните кругови има мислења дека на Велики петок не треба да се бојадисуваат јајца, бидејќи тоа е радосен чин, кој треба да го споделиме со децата. А Велики петок е најтажниот ден во христијанството, кога Исус бил распнат на крст. Јајцата се бојадисуваат во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв и новиот живот на Исус.

Нема да слушате црковни ѕвона на Велики петок, ниту на Велика Сабота, до Велигден. Ѕвоната во православната црква симболизираат радост.

На Велики петок има строг пост, без масло и риба. Пожелно е да не се јаде ништо на овој празник. Слично, на Велики петок не се готви, а не се меси ниту леб. Исто така, во куќата не се пали оган.

Некои од народните верувања велат дека на Велики петок жените не смеат да држат игла во рацете. Но, постои и верување дека на овој ден треба малку да се „измете со метла“, а потоа да се фрли ѓубрето, бидејќи симболично претставува истерување на злото од куќата. Исто така, некои веруваат дека Велики петок е најдобар за калемење на овошје бидејќи „се што е накалемено на тој ден е прифатено“. Бидејќи ова е најтажниот ден за христијаните, не се пушта или слуша музика.

 

Scroll to Top