Скандал во Елисејската палата, девојка била силувана на забава на која бил и Макрон

Млада припадничка на француските воени сили го обвинила својот колега за силување во претседателската палата во Париз, пренесоа денес француските медиуми. Настанот се случил во јули годинава, а француската Претседателска палата, до ден денес тоа го чувала во тајност.

Младата припадничка на воените сили наводно била силувана од еден војник во палатата на 1 јули, кога била организирана проштална забава за три соработнички на претседателот Емануел Макрон и тоа во присуство на шефот на државата.

По неговото заминување во 22 часот, сиутацијата почнала да се загрева, пишува париски Liberasion. По официјалната церемонија во паркот, забавата продолжила во безбедните простории во кои секојдневно се чуваат чувствителни фајлови, кои главно се класификувани како доверливи или тајни.

И токму тука, како што навела младата припадничка на воените сили, се случило силувањето. Жртвата заминала во полициска стнаица на осмиот париски арондисман и раскажала за сексуалниот напад, а обвинителството одлучило на 12 јули да отвори судска истрага за силувањето.

Полициската управа надлежна за случајот го сослушала осомничениот, кој добил статус на сведок соработник. Од Елисејската палата соопштиле дека никогаш не ги коментираат случаите кои се во тек.

 

 

Scroll to Top