Германски професор по економија Хајнц Јозеф Бонтруп, во текст за „Франкфуртер рундшау“, посочува дека богаташите нема да претрпат никаква штета од таканаречената пандемија на коронавирус. Хајнц вели дека цената за сето ова што се случува ќе ја плати обичниот човек.
„Богаташите, кои заработуваат и од кризата предизвикана од Ковид 19, нема да претрпат никаква штета, сметката за сето тоа ќе ја плати обичниот човек, како и по финансиската криза, кризата со недвижностите и економската криза“, оценил Хајнц.
Тој објаснува дека за 40 години неолиберализмот оставил трага и дека државата, пред сè социјалната држава, сè повеќе дискредитира, а заработката создадена од заедничкиот труд ја прераспределува само на богатите.
Владеењето на финансикиот пазар не е завршено, а пазарите на труд се распределени на помали пазари на трудот. Невработеноста е претворена во дејности со помал број часови, а сиромаштијата е порасната.
Концентрацијата на моќ е во рацете на големи моќници. Ништо не гледаме од економската демократија. Големите акционери кои владеат автократски се полоши од кога било претходно. А во политиката, една германска национална, десничарска партија влезе во сојузните и во сите покраински парламенти, пишува Хајнц.
Тој додава дека сега, во време на корона-кризата, исто како и во светската финансиска криза, кризата на пазарот со недвижности и економската криза од 2007 до 2009 година, сите, па дури и радикалните верници на пазарот, ја повикуваат државата да интервенира во економија, која доживеа целосен крах.
„Приватниците не се во состојба да управуваат со кризата. Приходот на сите Германци оваа година ќе падне за седум проценти. Потребни се две до три години да закрепнеме од тоа, но само ако не дојде втор бран на корона-криза. Само германската сојузна држава оваа година дополнително ќе се задолжи за 218 милијарди евра“, вели Хајнц, додавајќи дека некои моќни луѓе кои заработуваат и од кризата нема да претрпат никаква штета.
Исто како и по финансиската криза, кризата на пазарот со недвижности и економската криза, треба да се води сметка на платите на работната маса, како и на оние кои секако немаат ништо. Ќе дојде до економски, контрапродуктивна и социјално неприфатлива политика на штедење и резови, по што политичката елита повторно нема да се осмели да го засили оданочувањето на приходите на богаташите, наведува авторот.
Хајнц укажува дека еден процент од Германците, постари од 17 години се околу 35% од Германија, а десет проценти Германци поседуваат дури две третини од земјата, додека демохристијаните и социјалдемократите како владејачки партии тоа молчејќи го прифаќаат .