Стотина вируси заспани милиони години, пострашни од Ковид-19, се подготвени да бидат ослободени

Стотина вируси кои спиеле милиони години го чекаат светот во заседа и само поради нашата негрижа кон природата се подготвени повторно да излезат во воздухот и да го загрозат здравјето на целата човекова популација, предупредуваат светските научници.

Тие предупредуваат дека вирусите се кријат длабоко под Арктикот, но поради неговото брзо топење, истите за кратко време можат да се најдат во атмосферата.

Научниците предупредија на вознемирувачки појави на Арктикот. Во последните две недели температурите во Сибир достигнале рекордни 38 степени Целзиусови, поради невидениот топлотен бран, а истовремено избиле и голем број пожари.

При таква еколошка катастрофа се испуштаат огромни количини  јаглерод диоксид во атмосферата, што може да предизвикува целосно менување на климата.

И додека научниците за климатските промени не се сигурни дали таквата крајност ќе значи почеток на застрашувачка нова ера, со значителни арктички температури, планетата  сè уште се мачи со неуморната пандемија на коронавирусот, пренесува „Индепендент“.

Научниците се плашат дека светот во овој момент би можел да се соочи со нова опасност, односно истовремено затоплување на планетата и восокозаразни болести.

Научниците велат дека брзото загревање на крајниот север на Земјата би можело да ослободни бројни вируси стари и по десетина, а можеби и стотина илјади години, кои се закопани длабоко под сибирското тло и веќе долго време се заспани во заледена состојба.

Поради забрзаното загревање, а познато е дека Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот од светот, постои опасност од испуштање патогени со кои модерниот човек досега се нема соочено.

„Претпоставката за тоа дека бактериите можат долго време да преживеат е веќе прифатена во научните кругови. Останува само прашањето колку долго. Милион години? 500.000 години? 50.000 години?“, вели вирологот од Универзитетот „Аик Марсеј“, Жан Мишел Клавер, за списанието Greenpeace Unearhed.

Тој изјавил дека постои исклучително квалитетно истражување кое сугерира дека бактериите можат повторно да оживеат. И доктор Шантал Абергејл, виролог од истиот Универзитет, се согласува со него и вели дека вирусите од старите примероци од пермафростот можат повторно да оживеат.

Абергејл вели дека досега истражувачите  успешно ги активирале древните ДНК-вируси, но не и многу почувствителните РНА-вируси. РНА-вирусите се однесуваат на болестите како што се шпанскиот грип и новиот коронавирус, кој е одговорен за моменталната пандемија. ДНК-вирусите ја вклучуваат практично искоренатата болест сипаници.

Во само една клетка на домаќинот вирусот ги ослободува своите ДНК или РНК, кои содржат информации потребни за создавање  нови вирусни честички кои ја преземаат контролата на некои од аспектите на клеточниот метаболизам.

Бактериите се уште една закана за човештвото. На пример, во 2016 година епидемијата на антракс во Западен Сибил убила едно стадо елени. Кога нивните мртви тела биле одмрзнати во јуни, болеста заразила 23 лица, од кои едно починало.

„Ова е рецепт за катастрофа, затоа што имате луѓе и свеж вирус. Кога вирусите од пермафростот ќе се ослободат во природата доаѓаат во допир со кислород и се изложени на светлина, што е уште полошо. Се разбира, ако за кратко време не најдат домаќин, тие нема долго да живеат“, вели Клавер.

Доктор Клавер предупредува дека опасноста не доаѓа само од одмрзнувањето на пермафростот, туку и од зголемената активност на луѓето и животните во подрачјата во кои тие долго време се населени.

„Ако вирусот дојде во контакт со друг домаќин, тој повторно ќе се активира. Ако лицето се најде меѓу замрзнатите вируси, кои можат да предизвикаат пандемија, може да се зарази и да почне нова пандемија“, заклучува Клавер.

 

Scroll to Top