Светот се уплаши од новиот Г4 вирус

Кинеското министерство за земјоделие соопшти дека сојот на свински грип познат под името Г4, не е нов и дека не е лесно пренослив и заразителен за луѓето или животните пишува Курир.рс.

Ова го покажало една нова неодамнешна објавена студија. Студијата ја направиле група на кинески научници, која ја објавиле оваа недела во САД.

Во неа се предупредува на тоа дека наводно новиот сој на вирус, свински грип, станал заразен по луѓето и дека има потенцијал да предизвика пандемија.

Сепак, од кинеското министерство истакнаа дека студијата во медиумите е интерпретирана на прекумерен и нереален начин.

Според заклучоците на министерството, донесени по еден стручен семинар за влијанието на сојот Г4, врз свињите и јавното здравје, примерокот на кој студијата се заснова е премал за да биде репрезентативен, а во неа не се дадени адекватни докази дека овој сој на вирус станал доминантен кај свињите.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top