Тајни кинески владини документи покажуваат дека 30% од заразените се без симптоми и го шират вирусот

Тајни кинески владини документи покажуваат дека 30% од заразените во Кина се без симптоми и го шират вирусот. Бројот на „тивки преносители“, односно луѓе кои се заразени со новиот коронавирус, но покажуваат одложени симптоми или се без симптоми, може да порасне за третина од луѓето кои се тестирани и биле позитивни на коронавирусот во Кина, покажуваат доверливите податоци од кинеската влада до кои дошле South Chna Morning Post SCMP.

Тоа би можело дополнително да ја компликува стратегијата која веќе ја користат земјите ширум светот за спречување на вирусот кој зарази повеќе од 280.000 луѓе и уби речиси 13.000 ширум светот.

Повеќе од 43.000 луѓе во Кина се тестирани позитивни на Covid-19 до крајот на февруари, но сите тие биле без моментални симптоми. Оваа состојба е позната како асимптоматска. Тие се ставени во карантин, се надгледуваат, но не се исклучени од официјалната статистика, според која се заболени околу 80.000 луѓе.

Научниците не можат да се согласат која е улогата на асимптоматскиот пренос во ширењето на болеста. Пациентот обично развива симптоми за пет дена, иако периодот на инкубација може да трае и до три недели во некои ретки случаи. Светската здравствена организација ги класифицира сите луѓе кои се тестирани позитивни, како потврдени случаи, без разлика дали имаат какви било симптоми. Тоа го прави и Јужна Кореја.

Но, кинеската влада на 7. февруари ги променила насоките за класификација, сметајќи ги само оние пациенти со симптоми, како потврдени случаи. САД, Британија и Италија едноставено ги тестираат луѓето без симптоми, освен медицинските работници кои се долготрајно изложени на вирусот.

Во кинескиот случај, нејасно е колку од 43.000 пациенти во февруари биле асимптоматско преносливи, а колку од нив подоцна ги развиле симптомите. Владините податоци ги класифицирале овие пациенти одвоено, 81,054 биле потврдени од саботата.

Но, сè помал број на нови случаи во март, укажува на тоа дека многу од 43.000 тивки преносители се забележани претходно и од тогаш не покажале симптоми. Тоа може да значи дека повеќето од нив се асимптоматски, луѓе кои го носат вирусот, но немаат очигледни знаци на болеста.

Пристапот на Кина и Јужна Кореја за тестирање на секој кој имал близок контакт со пациентите, без разлика дали таа личност ги има симптомите, може да објасни зошто овие две азиски земји имаат јасен увид во ширењето на вирусот.

Хонг Конг го проширува тестирањето на оние кои во градот влегуваат преку аеродром, дури и ако патниците ги немаат симптомите. Во меѓувреме, во повеќе европски земји и САД, каде се тестираат само оние со симптоми, бројот на инфицирани и понатаму нагло расте.

Сè поголем број студии ги доведуваат во прашања претходните тврдења на Светската здравствена организација дека асимптоматскиот пренос е исклучителна реткост.

Со извештајот на меѓународната мисија на СЗО, по патувањето во Кина, проценето дека асимптоматските инфекции се од 1 до 3 проценти од случаите, е наведено во документите на Европската унија.

Хироши Нишура, епидемиолог од Универзитетот Хокаидо и неговиот тим, утврдиле дека дел од асимптоматските јапонски пациенти кои се евакуирани од Вухан, изнесуваат околу 30,8%, бројка слична на она која стои во податоците на кинеската влада.

Сепак официјалните податоци од Јужна Кореја кои од средата извршиле речиси 300.000 тестови, на лица кои имале блиски контакти со лица заболени од коронавирус, најмногу се совпаѓаат со кинеските.

Повеќе од 20% од асимптоматските случаи пријавени во Кинеските центри за контрола и превенција на болестите, останале без симптоми, сè додека не биле пуштени од болница.

„Во Кореја во моментов постои значително поголема стапка на асимптоматични случаи од останатите земји, можеби поради нашето опсежно тестирање“, изјавил на конференцијата за печат на 16. март, директорот на CDC на Јужна Кореја.

Друга корисна референца се податоците собрани од крстарењето на бродот Diamond Princess, во кој патниците со недели беа во карантин во Јокахама, во Јапонија. Сите патници и екипажот беа тестирани. Беа позитивни 712 луѓе, од кои 334 лица беа асимптоматски, според официјалните јапонски податоци.

Извештајот на Европската Унија стави процент на асимтоматските случаи во Италија на 44%, но во повеќето делови од земјата луѓето без симптоми не се тестирани.

Во Хонг Конг, 16 од 138 потврдени случаи, од 14 март, биле асимптоматски или пресимтоматски, вели Хо Пак-ленг, професор на одделението за микробиологија на Универзитетот во Хонг Конг.

Сите овие бројки укажуваат на значително поголем број на асимптоматски случаи отколку што тоа го покажуваат податоците кои досега биле објавени во Кина. Меѓу 44.672 потврдени случаи од 11. феврари, 889 биле асимптоматски паценти, напишале епидемиолозите од Кинескиот центар за контрола и превенција на болеста.

СЗО соопштила дека улогата на асимптоматските трансмисии во ширењето на болеста не е јасна, но тврдат дека носителите без симптоми нема да бидат главен фактор.

Но, некои научници се прашуваат дали асимптоматските и пресимптоматските трансмисии се потценети. Заедничката студија на експерти од Кина, САД, Велика Британија и Хонг Конг, проценила дека недокументарните случаи на воспалени бели дробови, воглавно со благи па дури и никакви симптоми, се извор на инфекции за 79% од документираните, пред Вухан да биде стаен во карантин на 23. јануари.

„Овие недокументирани инфекции често имаат благи, ограничени или никакви симптоми и поради тоа стануваат непрепознатливи и во зависност од нивната заразност и број, можат да заразат далеку поголем дел од популацијата отколку што вообичаено би се случило“, велат експертите од некоку најзначајни светски универзитети.

Друго истражување на научници од Универзитет во Тексас, покажало дека луѓето кои не ги имаат симптомите на коронавирусот, го пренеле истиот кај десет проценти од 450 случаи кои се проучувале во 93 кинески градови.

Се чека нивните налози да бидат објавени во списанието Emerging Infective Diseases. Хо, од Универзитетот во Хонг Конг изјавил дека некои асимптоматски болни луѓе имаат вирусно оптеретување слично на оние со симптомите.

„Се разбира, тешко е да се каже дали може да има помалку заразени ако не се кашла. Но, може да се заразат и преку зборувањето и исфрлањето плунка“, објаснил тој за тоа како се пренесува респираторниот вирус.

Бенџамин Ковлинг, професор по епидемиологија и биостатистика од Универзитетот во Хонг Конг, изјавил дека постојат јасни докази дека заразените личности можат да пренесат инфекција пред да се појават симптомите.

„Постојат многу извештаи за пренос на еден до два дена пред појавата на симптомите“, вели Ковлинг.

Подоброто разбирање на асимптоматските случаи би можело да доведе до прилагодување на јавните здравствени политики, укажуваат експертите.

„Бројот на асимптоматски лица може да биде поголем кај децата, отколку кај старите и возрасни луѓе“, напишал Нишиура во Меѓународното списание за заразни болести.

„Тоа значително би го променило нашиот опсег на епидемија, па дури и оптималните интервенции можат да ги променат работите“, завршил Нишиура .

 

 

Scroll to Top