Траги од вонземјани откриени во соседството во нашиот Сончев систем

Сондата Касини која американската вселенска агенција НАСА ја испрати да го набљудува и собира податоци за Сатурн и неговите 62 месечини во јули 2004 година, откри дека на една од нејзините месечини Енкелад е можен живот.

Сондата откри голем лед на Енкелад, под кој се крие огромен океан. Научниците веруваат дека океанот е место на кое можат да се најдат микроорганизми, слични на оние на Земјата.

Ледената кора на Енкелад, веќе долго време ги интригира научниците и астрономите, а податоците кои досега ги собра сондата Касини укажуваат на тоа дека на ова место се крие нешто многу интересно и мистериозно.

Студијата од ова истражување е објавена во магазинот Nature, а тим од Универзитетот Аризона и парискиот универзитет ПСЛ, сметаат дека сондата има детектирано релативно висока концентрација на метан, кој се издига над површината на Енкелад.

Тоа покажува дека во океанот, кој се наоѓа под ледот, се наоѓаат микроорганизми слични на оние на Земјата.

„Тоа што не заинтересира се миркобите кои се многу слични на Земјата. Тоа е логичното објаснување за изненадувачки големата количина на метан која сондата ја откри“, изјавил шефот на студијата и професорот на Универзитетот Аризона, Режи Феријер.

Но, научниците предупредуваат дека тоа што тие откриле податоци кои би можеле да укажат на постоење на некој вид на живот на сателитот на Сатурн, не значи дека се откриени вонземјани.

Потрагите за микробите, познати и како метаногени, на дното на океанот, можат да бидат крајно опасни, предупредуваат тие. Потребни се длабоко да се навлезе во површината, на сателитот на Сатурн, а за такво нешто ќе бидат потребни неколку децении, вели Феријер.

Додека не се развие технологија која би можела сето тоа да го овозможи, научниците своите претпоставки ги базираат од добиените податоци од математички и компјутерски симулаии. Само така можат да дознаат дали метаногените се одговорни за податоците кои им ги прикажа сондата.

На Земјата процесот на хидротермалната активност е предизвикан од студената морска вода, која се спушта на дното на океанот. Овој процес е поврзан со зголемениот удел на метан во водата.

Сето тоа се случува поради активноста на микроорганизмите во океанот. Тие топлината ја користат како енергија и јаглерод диоксидот го претвораат во метан, велат научниците.

Податоците до кои научниците дошле благодарение на сондата, укажуваат дека сличен процес се случува и на еден од сателитите на Сатурн. Научниците би можеле да регистрираат присуство на метаноген на дното на неговиот океан.

Но, научниците предупредуваат дека е рано за било какви конкретни заклучоци.

„Не тврдиме дека постои живот во океанот на Енкелад. Само сакаме да дознаеме и да разбереме подобро колку е веројатно да откриеме микроорганизми, како оние на Земјата. Судејќи според податоците кои ги добивме од Касани, тоа е многу веројатно“, рече Феријер.

Тој додал дека не може да се отфрли хипотезата дека постои живот на Сатурн, но, дека во моментов потребни се повеќе податоци за наредните мисии.

Scroll to Top