Трик со кој побрзо ќе ги исушите вашите алишта во затворен простор, и ќе мирисаат многу подобро

Мирисот на испраните алишта исушени на свеж воздух не би можел да се спореди со ништо. Свежината е она во што уживаме во потоплите месеци и што ни недостасува штом есента ќе затропа на врата и ќе донесе со себе дожд, влажност и магла.

За време на постудените месеци, сушењето алишта може да биде прилично скапо и одзема многу време. Без луксуз на машина за сушење, многу луѓе се осудени на радијатори и клима уреди, а во такви услови сметките можат да бидат доста високи, а облеката да добие непријатен мирис на влага, пишува „Задоволна.хр“.

Затоа е најдобро да инвестирате во одвлажнувач (уред за воздух) или едноставно да купите собирач за влага.

Една од главните предности на овој метод се очигледно помалите месечни трошоци, а се што треба да направите е да го ставите одвлажнувачот во просторијата каде што се сушат алиштата. Ова ќе заштеди време, пари и простор.

Иако ќе биде потребно малку повеќе време за да се исуши вашата облека, резултатите дефинитивно ќе ги забележите бидејќи потенките алишта ќе се исушат за половина време побрзо од вообичаеното.

Експертот за домашни задачи, Крис Мајкл, вели дека овој метод на брзо сушење можеме да го подобриме со внимателно избирање на просторијата каде што ќе ги поставиме одвлажнувачот и решетката за сушење алишта.

Овој режим работи беспрекорно. Следниот пат кога ќе треба брзо да ги исушите алиштата, ставете го одвлажнувачот и мократа облека во најмалата просторија во станот и избегнувајте да ја отворате вратата. Мал простор ќе го зароби топлиот воздух и ќе овозможи брзо намалување на влажноста, забележува експертот.

Scroll to Top