Уапсени принцеви и министри ќе искешираат 70 % од богатството за да бидат ослободени

Се чини дека владата во Ријад пронашла начин да го намали буџетскиот дефицит предизвикан од пониските цени на нафтата.

Како што пренесе „Фајненшнл тајмс“, саудиските официјални службеници им нудат на уапсените принцови договор, да платат 70% од своето богатство за да бидат ослободени.

Саудиската влада би можела да присвои стотина милијарди долари од богатствата на богатите шеици и на тој начин да ги наполни исцрпените државни резерви. Акцијата била изведена во соработка со медиумите.

Меѓу уапсените се наоѓа и принцот Ал Валед бин Талал, претприемачот на „Валед“, потоа Ал Ибрахим, основачот на блискоисточниот Бродкастинг центар, кој го поседува Саудискиот сателитски телевизиски канал „Ал Арабија“, и Бакр бин Ладен, претседателот на саудиската  градежна фирма „Бин Ладен“.

Милијардерите се заробени во хотелот „Ритц Карлтон“ во Ријад.

„Платете и ќе можете да си одите дома“, им бил даден ултиматум на богатите шеици.

Минатата недела „Вол стрит журнал“ извести дека со апсењето на садуските кралски семејства, некои од министрите и добар дел од моќните бизнисмени може да се добијат парични средства и други имоти во вредност од најмалку 800 милијарди долари.

Саудиска Арабија е соочена со значителен буџетски дефицит затоа што цената на нафтата е намалена. Недостигот изнесувал 79 милијарди долари само минатата година. За да се намали дефицитот, Ријад се обидел да сроведе фискални мерки, вклучувајќи ги и намалената потрошувачка, зголемените даноци, продажбата на обврзници и јавна понуда на продажба на делови на државната нафтена компанија „Сауди Арамко“.

Експертите велат дека најновата корупциска чистка била изведена поради тоа што принцот Мохамед бин Салман сакал да ги консолидира силите пред да ја преземе престолнината.

Други тоа го гледаат како обид за модернизација на Саудиска Арабија. Принцот објасни дека апсењето е дел од неговата одлучност да се искорени корупцијата, што е предуслов за отворање на економијата.

 

 

 

 

Scroll to Top