(Видео) Ги тргнала тапетите од ѕидот, па открила порака што расплака многумина

Тиктокерка што објавува под профилот @farnovations покажа што нашла во куќата што неодамна ја купила и решила да ја реновира, а видеото расплака многумина.

Додека го отстранувала стариот тапет, таа открила скриена порака што ја оставиле претходните сопственици. На ѕидот биле испишани зборовите „Френки.  Те сакам Пет“.

„Тиктокерката“ објасни дека Френки е поранешната сопственичка од која ја купила куќата, а Френки е нејзиниот покоен сопруг кој починал пред неколку години.

@farnovations #lovestory #love #couplegoals #renovation #house #wallpaper #houseoftiktok #renovationproject #foryou #fyp ♬ original sound – Farnovations

„Поминаа повеќе од 45 години во оваа куќа и тука ги одгледаа своите деца. Ќе ѝ испратам фотографија од овој прекрасен спомен, а повторно ќе го скриеме со нов тапет за пораката да остане во куќата“, вели новата сопственичка.

Во коментарите, луѓето опишаа слични искуства што ги имале кога се вселиле во стари куќи.

„Пред неколку години се вселив во куќа и ги најдов имињата и датумите на луѓето што живееја таму. Ги додадовме нашите имиња и потоа сè покривавме со тапет“, гласи еден од коментарите.

Scroll to Top