Група јапонски научници сметаат дека исчезнувањето на бродовите во Бермудскиот триаголник е резултат на нападите на џиновски лигњи и октоподи кои живеат со векови на тоа подрачје.
Тие во октомври 2005 година снимале покрај брегот на Токио и забележале некои од ваквите морски видови, за кои е познато дека агресивно го напаѓаат својот плен. Тие веруваат дека овој тип на подводни суштества живеат и во длабочините на Бермудскиот триаголник.
Морските биолози Цунеми Кубодер и Киоичи Мори, снимиле ваков вид на џиновски лигњи.
„Забележавме џиновска лигња долга 9 метри во близина на островот Бонин“, велат истражувачите од Јапонскиот национален музеј на наука, објаснувајќи дека станува збор за „Архотеутис“, редок вид, кои го напаѓа својот плен користејќи екстремна сила.
Бермудскиот истражувач Роб Симон смета дека ваквото откритие докажува дека нешто слично може да се крие и во водите на Бермудскиот триаголник. Тој во 2007 година изјавил дека џиновските лигњи не се легенди и дека тие постојат.
„Некои од нив се долги и преку 150 метри. Не знаеме што точно се наоѓа во длабочините на Бермудскиот триаголник, но оваа џиновска лигња би можела да го даде одговорот на многу прашања за овој дел на океанот. Можеби неговите извори за храна се наоѓаат токму на ова подрачје. Во секој случај тоа би го објаснило мистериозното исчезнување на големиот број бродови“, вели Симон.
Доктор Џеф Марлиав, кој е експерт за октоподи и кои работи во аквариум во Ванкувер, тврди дека октоподите не би можеле да живеат во овие води. Сепак тој не ја исклучува можноста за џиновските лигњи.
„Џиновскиот октопод се јавува само во североистичниот Тихи океан. Овој вид октопод ако го има во водите на Бермудскиот триаголник е многу мал вид и се наоѓа во близина на крајбрежјето. Но, никако во централниот дел на Бермудскиот триаголник, кој во основа има песочно дно. Сега кога луѓето зборуваат дека џиновските октоподи ги напаѓале чамците кои пловеле таму, тоа се само приказни кои потекнуваат од времето кога на овие простори владееле пиратите и китоловците“, вели Марлиав.
Тој вели дека веројатно не станува збор за октоподи, а единствениот вид кој би можел да ги напаѓа малите чамци се нивните сродници, џиновските лигњи, заклучува Марлиев.
Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволскиот триаголник, е најслабо дефиниран регион во Северниот Атлански океан, каде исчезнале голем број на бродови. Во близина се наоѓа една од најбараните бродски рути на светот, која често се користи за да се стигне до пристаништата во Америка, Европа и на Карибите.
Исчезнувањата им се припишуваат на гусарите, паранормалните појави па дури и џиновските октоподи, чии легенди морнарите ги пренесувале низ годините и вековите.