(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“.

Немо се опишува себе си како небинарна личност, што значи дека не се декларира како маж или жена, туку како „тие“.

Немо (25) е рапер, пејач и музичар кој свири виолина, пијано и тапани. Досега имаат издадено три албуми, а песната „Du“ беше четврта на швајцарските топ листи во 2017 година.

Швајцарија немаше конкурс за песната да ја испрати на Евросонг, но интерно ја избраа песната ‘Код’. За изборот се пријавиле 472 песни, а жирито го сочинувале најмалку 240 меѓународни членови од публиката и 30 членови на стручно жири од 20 земји.

Критиките по финалето и неговата победа се поделени, а немалку коментираат дека се изненадени од победата и дека повторно жири комисијата ја надгласала публиката која ја избра Хрватска – некрунисаниот морален победник, но има и коментари дека е направен вистински избор, додека хрватската песна е копија на оние на „Рамштајн“.

„Кодот е за патување започнато со сознанието дека не сум ниту маж ниту жена. Пронаоѓањето на себеси беше долг и често тежок процес за мене. Но, ништо не е подобро од слободата што дојде со сознанието дека сум небинарна личност“, вели Немо.

Scroll to Top