(Видео) Куќата од серијата „Брејкинг бед“ се продава за 4 милиони долари

За четири милиони долари се продава куќа од серијата „Брејкинг бед“. Станува збор за куќата, која во серијата е дом на Волтер Вајт, кој го толкуваше Брајан Кренстон.

Куќата се наоѓа во Албакерки, Ново Мексико, а изградена е во 1910 година. Се состои од четири спални соби и една бања. Има гаража и базен.

Иако се продава за дури четири милиони долари, агенцијата за недвижности Zillow смета дека реалната пазарна вредност на куќата во предградието е значително помала, проценувајќи ја на 343.100 долари.

Поради својата популарност, куќата не само што достигна висока цена, туку е и мамка за обожавателите. Откако серијата заврши со снимањето на својата последна сезона во 2013 година, фановите сè уште се собираат и се фотографираат пред куќата.

Сегашната сопственичка, изјавила дека нејзините родители ја купиле куќата во 70-тите години. Кога тие се согласија нивната куќа да биде дел од серијата, а популарноста на „Брејкинг бед“ се зголеми, им беше се потешко да го заштитат својот дом. Ставиле метална ограда и безбедносни камери за да бидат што побезбедни.

Бидејќи нејзините родители веќе ги нема, таа решила да ја продаде куќата. „Ова е нашиот семеен дом од 1973 година. Си одиме од неа со спомени. Време е да продолжиме понатаму. Нема причина повеќе за кавга“, рече таа.

Scroll to Top