(ВИДЕО) Мистерија стара 69 години – Тоа не биле луѓе, ниту вонземјани, биле…

Говорејќи за посетителите од вселената, најпознат случај е оној од 1947 година во Розвел. Многу контроверзии и денеска постојат околу овој случај, но што всушност се случило таму?

8-ми јули 1947 година недалеку од една фарма во Розвел под влијание на силна бура се срушил неидентификуван објект односно летало. Сопственикот на фармата пронашол необични метални остатоци од тој објект. “Беа во форма на фолија, но кога би ги стуткале, тие се враќаат во нивната оригинална форма”, рекол синот на сопственикот на фармата.

vonzemjani-rozvel

Повеќе сомнежи предизвикала владата на САД, неколку часа по првобитната изјава во која тие велат дека се урнал “летечки диск”, кога повторно се обратиле на јавноста велејќи дека всушност се срушил метеоролошки балон.

Приказната долго време успешно е прикриена, но во 1978 година војникот Џеси Марсел кој учествувал во собирањето на остатоците од летечкиот објект, во едно интервју рекол дека изјавата дека тоа бил метеоролошки објект била само маска, по што се појавиле голем број на теории на заговор.

Една од теориите вели дека Советскиот Сојуз предизвикал инцидент со цел да предизвикаат паника кај Американците. “Тие пронашле тело кај срушениот објект, не беа вонземјани и не беа пилоти. Беа тоа некои човечки експериментални зајачиња. Невообичаено ниски за пилоти, изгледаа како деца. Сите беа пониски од 150 сантиметри. Беа деформирани, но сите на ист начин. Имаа големи глави и големи очи”, стои во книгата “Ареа 51”, на авторот Ени Џекобсен.

area-51-voznemjanski-letala-chuda-vonzemjanci-amerika-ni-krie-05

1994 година американските воздухопловни сили објавиле извештај за тој инцидент во кој пишуваат дека остатоците припаѓаат на балон кој бил дел од проект под име МОГУЛ зад кој стои намера на шпионирање на Русите и нивна нуклеарна програма.

Што се донесува до деформираните суштества кои ги виделе многу сведоци, американските сили тврдат дека тие всушност се кукли кои биле користени за тестирање на проектот.

И 69 години подоцна мистеријата останува.

Scroll to Top