Џорџ Стини Јуниор е најмладиот Афроамериканец кој бил осуден на смртна казна. Тој пред 70 години бил погрешно осуден за убиство на две девојчиња, а потоа бил погубен на електрична столица. Судењето кое траело два часа било полно со нелогичности, а неговото семејство дури по 70 години успеало да ја истера правдата.
Случајот на Џорџ бил инспирација за Стивен Кинг, кој ја напишал книгата The Gren Mile „Зелената Милја“, по која е снимен и истоимениот филм во 1999 година, во која главната улога ја толкува Том Хенкс.
Џорџ со неговото семејство живеел во град во Јужна Каролина. Во местото каде живеел белците и црнците биле одделени со железничка пруга. Семејството на Џорџ живеело во стамбено претпријатие, се додека не биле приморани да се преселат. Татко му добил отказ, кога Џорџ бил обвинет за убиството на двете девојчиња.
Според судските записи, на 24 март 1944 година, бети Џун Биникер и Мери Ема Темз возејќи велосипед завршиле во делот каде живееле црните жители. Кога го забележале Џорџ и неговата помлада сестра Ејми, ги пршале каде можат да наберат цвеќиња. Тоа било последен пат како девојчињата биле видени живи.
Сите жители во градот почнале потрага по нив. Нивните тела биле најдени следното утро. По извршената обдукција било утврдено дека девојчињата умреле како резултат на удр со силен предмет, со големина на чекан по главите.
Кога полицијата дознала дека последен пат девојчињата биле видени со Џорџ и неговата сестра, тие веднаш го привеле момчето. Според полицискиот извештај, момчето со часови било испрашувано без присуство на сведоц или адвокат. Тој на крајот го признал убиството. Џорџ признал дека сакал да има секс со едно од девојчињата.
По месец дена почнало судењето во округот Клерендон. Адвокатот на Џорџ, Чарлс Пловден, кој бил белец, не можел и ниту се обидел да направи нешто со што би му помогнал на неговиот клиент. Судењето траело само два часа. Пловден не повикал ниту еден сведок, ниту предочил ниту еден доказ кој би можел да му помогне на Џорџ.
Најзначајниот доказ кој го имал обвинителството бил признанието на момчето, иако ниту од тоа немало писмен извештај. Поротата која целата била составена од белци, го прогласила момчето за виновно за убиство од прв степен. Истиот ден судијата го осудил на смртна казна со електрична столица.
Џорџ Стини Јуниор бил погубен на 16 јуни 1944 година во затвор во Јужна Каролина. Електричната столица била со големина за возрасни. И маската која била преголема, исто така го покрила неговото цело лице. Џорџ бил прогласен за мртов во 19:30 часот, четири минути откако почнало погубувањето и 83 дена по убиството на Бети Џун Биникер и Мери Ема Темз.
Пресудата е променета по 70 години
Жалбата на првостепеното убиство на Џорџ е прифатена во 2014 година. Неговите роднини тврделе дека неговото признание било изнудено и дека Џорџ имал алиби дека за време на убиството бил со неговата сестра Ејми. Било земено во предвид и сведоштвото на цимерот со кој Џорџ бил во затвор Вилфорд Џони Хантер.
Тој исто така кажал дека Џорџ во ќелијата му открил дека бил погрешно обвинет и дека не гу убил девојчињата. По 70 години разгледување на случајот, на 17 декември 2014 година, судијата Кармен Т. Мулен, ја поништил пресудата за убиство од прв степен, наведувајќи дека казната била злобна и необична.
Таа напишала дека постоело кршење на процесните права на обвинетиот поради процедуралните права кои му го прекршеле неговото кривично гонење. Роднините на Стини биле пресреќни што доживеале да ја слушнат ослободителната пресудата за нивниот брат.
Џорџ Стини Јуниор ќе остане запаметен во американската историја како најмладата личност која е осудена на смртна казна на електричен стол.