(Видео) Новата хит серија базирана на вистинска приказна ги остави гледачите во шок

За помалку од една недела по премиерата, серијата „Apple Cider Vinegar“ (Јаболков оцет) на „Нетфликс“ веќе предизвика бурни реакции кај гледачите ширум светот – и тоа со добра причина. За оние кои сè уште не ги погледнале сите шест епизоди, серијата е инспирирана од неверојатната, но вистинита приказна за австралиската инфлуенсерка Бел Гибсон, чиј скандал го потресе интернетот.

Во текот на 2010-тите, Бел Гибсон изгради имиџ како една од најпознатите влијателни личности за начин на живот во светот. Нејзините следбеници ѝ верувале затоа што отворено зборувала за нејзината битка со терминален рак на мозокот – дијагноза за која лекарите, тврдела, и дале само четири месеци живот.

Додека ги инспирираше луѓето со приказни за „моќта на умот“ и здравиот живот, таа ја промовираше и нејзината апликација The Whole Pantry, продавајќи рецепти без глутен и млечни производи, како и водичи за холистички начин на живот. Меѓутоа, она што нејзините верни следбеници не го знаеле е дека Бел Гибсон никогаш не била болна. Сето тоа било измама, дизајнирана да го изгради своето име и да заработи пари на сметка на луѓе кои очајно бараат спас.

Нетфликс ја претвори оваа неверојатна приказна во серија, која ја опишуваат како „вистинска приказна базирана на лага“.

Американската актерка Кејтлин Девер ја игра Бел Гибсон, додека Алиша Дебнам-Кери толкува измислена верзија на покојна уредничка на списанието за тинејџери Џесика Ајнскоуг, која умира во 2015 година од ретка форма на рак откако одбила медицински третман – наводно под влијание на Бел Гибсон.

Покрај нив, во серијата глуми и Ајша Ди како Шанел, асистентка на Гибсон и пријателка на починатото девојче, како и Тилда Кобам-Херви, која глуми друга пациентка измамена од нејзините лаги.

„Серијата е одлична, но фрустрирачка“

Серијата предизвика бурни реакции кај гледачите. Еден корисник на X напиша:

„Не бев сигурен дали ќе можам да гледам, но серијата е брилијантно направена. Неверојатно е што Бел Гибсон си ја измислила дијагнозата за внимание и профит. „Страшно“.

Друг гледач коментираше:

„Само што завршив со гледање… Неверојатно перверзна личност, но серијата е навистина добра“.

Третиот додава:

„Серијата е фантастична, но во исто време неверојатно фрустрирачка.

Многумина нагласија дека вистинската приказна е уште пострашна од она што е прикажано.

„Вреди да се погледне. Уште пострашно е кога ќе сфатите дека вистинската приказна на Бел Гибсон е всушност многу полоша“.

Дали Бел Гибсон заврши во затвор?

Иако Бел Гибсон беше под истрага и никогаш не беа пронајдени докази дека има рак на мозокот, судот ја казни со парична казна од 410.000 долари. Меѓутоа, таа никогаш не била осудена на затвор. Останува нејасно дали таа некогаш ја платила казната во целост.

 

Scroll to Top