Ојект од вселената е виден како влегува во земјината атмосфера. Снимен е над небото на Франција. Научниците велат дека е метеор кој удрил во Земјината атмосфера над северниот дел на Франција. Ударот се случил ноќта околу четири часот по локално време. Метеорот 2023 CKS1 е голем околу еден метар.
WATCH: Meteor lights up the sky in northern France pic.twitter.com/WFJV6sIsck
— BNO News Live (@BNODesk) February 13, 2023
Се распаднал над Ламанш во близина на Нормандија. Прв го открил астроном од Унгарија, Кристијан Шарнецки, седум часа пред ударот. Го открил од опсерваторијата Конкола, стационирана на планината Матра во Унгарија. Првпат метеорот е виден на 12 февруари во 21 часот по локално време.
Тогаш бил на околу 233.000 километри оддалечен од Земјата.
Meteor lights up the sky of France, as seen from Paris pic.twitter.com/9RphBdkQIw
— BNO News Live (@BNODesk) February 13, 2023
„Ова е само дел од она што метеор со големина на еден метар може да направи на небото. Неверојатно е нели? Што не е во ред со небото?“, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи.
За потсетување, на 15 февруари 2013 година, астероид со пречник од околу 20 метри влезе во Земјината атмосфера. Се движел со брзина од 19 километри во секунда. Кога експлодирал бил на само 30 километри од градот Челјабинска во Русија. Експлозијата имала 20 до 30 пати поголема енергија од атомска бомба.
Бомна како онаа на Хирошима. Овој регион е оддалечен околу 1500 километри источно од Москва.
Here are four different views of asteroid #SAR2667 as it enters the atmosphere over Western Europe. #Meteor #France #UK pic.twitter.com/TwGmOrEw2r
— Nahel Belgherze (@WxNB_) February 13, 2023