На малиот изолиран германски остров Римс, се наоѓа Институтот „Фридрих Лофлер“, една од четирите најдобро изолирани институции, со највисок степен на безбедност каде секојдневно се произведуваат и тестираат смртоносни вируси. Оваа лабораторија е затворена за јавноста и се смета за најопасна во светот.
За да дојдете до неа, потребно е да го преминете Балтичкото море преку брана. Како дополнителна мерка за безбедност, предвидено е затворање на браната во случај на каква било епидемија на вирус.
Вработените ќе мораат да минат строга процедура на влез и излез, која вклучува „хемиски тушеви“ и заштитна облека. Таму се експериментира со најсмртоносните вируси кое човештвото ги познава, вклучувајќи ја и еболата и вирусот птичји грип. Но, една од главните жаришта на лабораторијата се, вирусите кои предизвикуваат болести кои се пренесуваат од животни на луѓе и обратно.
Лабораторијата првично е основана во 1910 година, за да истражи болест на рацете, стопалата и устата која е предизвикана од вирусот „Коксаки тип А“ од видот „Ентеровирус“.
Во наредните децении Институтот е користен за различни цели, вклучувајќи и развој на хемиско оружје за време на Втората светска војна, истражување на вакцини за време на Студената војна, како и истражување на благосостојбата на животните и сточарството. На крајот местото доби надимак „островот на кугата“. Институтот во 2010 година заврши со изградба на низа нови лаборатории кои се класифицирани во ниво на биолошка безбедност 4, како што ретко ги има во светот. Институтот исто така е еден од двата на светот кој има капацитет и услови за спроведување на големи студии на животните, како свињите и говедата.
Робин Холанд е студент на Ветеринарската школа на Универзитетот во Илиноис, и тој бил во оваа лабораторија и го опишал своето искуство во делот на патологија на Институтот.
„Научив како се управува со овие болести. Како може да се контролираат и дијагностицираат во реалниот живот. Научив колкав може да биде нивниот потенцијал на разор, во случај да избие епидемија во светот“, вели Холанд.
Холанд вели дека во Институтот има видено голем број на инженери и службеници за биолошки ризик. Вели дека овој институт има голема инфраструктура и HEPA филтрација на издувен воздух. Во него има деконтаминациони простории, простории за пречистувачки отпадни води.
Делот од просториите во кои се наоѓаат вирусите кои може да предизвикаат преносливи болести од луѓе на животни и обратно, се смета за најголема закана за човештвото. Тука има од маларии до беснила, болести кои претставуваат 60% од сите заразни болести на човештвото. Во Центарот за контрола, проценуваат дека секоја 3 до 4 нова болест кај луѓето, потекнува од животните. Додека научниците продолжуваат со проучувањето на болестите, важно им е да ги проценат и болестите кој се преносливи само кај животните.
„Бројот на смртни случаи од преносливи болести, само кај животните, е многу поголем“, вели професор Чарлс Вотсон од Универзитетот Куртин.
На пример кога „Нип“ вирусот избил во Малезија, во периодот во 1990 години, имало релативно мал број на смртни случаи. Биле заколени 5 милиони свињи за да се елиминира овој вирус. Една од причините зошто ваквите вируси се смртоносни за животните, е фактот што ако се заразат, луѓето од необјасниви причини за научниците, не мораат да бидат заразени.
„Вирусите се ужасно непредвидливи, некои не убиваат толку лесно, а други не. Истото важи и за животните“, вели Вотсон.