(Видео) Потрошиле илјадници долари да докажат дека Земјата е рамна, а само потврдиле дека е тркалезна

Едек куп теоретичари на заговор, потрошиле илјадници долари за да докажат дека Земјата не е округла, но го докажаа токму спротивното. Еден од нив е Боб Кнодел кој води „Јутјуб“ канал кој го посветил за да докаже дека Земјата всушност е рамна, пишува sci-nature.

Заедно со неговите колеги и пријатели, тој користел ласерски жироскоп вреден 20.000 долари. Тие сакале да докажат дека Земјата не ротира. Сепак она во што успеале е да забележат дрифт.

„Она што го откривме кога го вклучивме жироскопот е дрифт. Забележавме ротација од 15 степени на час. Очигледно е дека не бевме подготвени да го прифативме тоа. Знаете како велат, ако вашиот експеримент ви докаже дека не сте во право, едноставно занемарете ги резултатите“, рече Боб.

Нивниот експеримент сега е достапен и може да се види во документарниот филм на „Нетфликс“ Behind the Curvе.

Scroll to Top