(Видео) Се појави скеч во кој Зеленски ја глуми љубовницата на Путин: „Повеќе нема да спијам со тебе“

Пред да стане претседател на Украина, Володимир Зеленски беше познат комичар, а сега повторно се појави телевизиски скеч од 2014 година во кој ја игра љубовницата на Путин, Алина Кабаева, 30 години помлада од него, која никогаш јавно не ја признал како партнерка.

Зеленски во скечот му се потсмева на рускиот претседател имитирајќи ја руската гимнастичарка, за која се шпекулира дека е новата партнерка на Путин, со која има деца. На скечот Путин доцна се враќа дома, а го пречекува Кабаева, која сака да знае каде престојувал толку долго.

Путин се оправдува со разговорот со својот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, за распоредувањето на руските војници на неодамна анектираниот Крим, а таа му кажува дека руската државна телевизија негира дека има руски војници на Крим.

„Дали ти изгледам како будала? Гледам руски вести! Нема војска на Крим”, му враќа таа. Путин признава дека државната телевизија можеби не ја кажува вистината, а потоа се појавува поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој Путин го спаси откако беше соборен со државен удар и живее во нивниот плакар.

„Тоа е тоа. Нема повеќе секс, нема повеќе да спијам со тебе“, му вели бесната Кабаева, на што Путин одговара: „Јас ќе се справам со се“ и тропа на вратата од плакарот на Јанукович. Јанукович му одговара: „Нема проблем! Нема да излезам од плакарот ниту минута и пол“, инсинуирајќи колку кратко обично трае сексуалниот однос меѓу Путин и неговата љубовница.

„Ова е кошмар. Тоа е сè – избери ме мене или него“, одговара Кабаева, а скечот завршува со тоа што Путин ја назначува за претседател на Украина, додека Јанукович вели: „О, фала му на Бога – јас ќе го водам домаќинството на Путин”.

Иако се работи за комичен скеч кој треба да забавува, рускиот автор Михаил Зигар во својата нова книга тврди дека токму тоа е причината за презирот на Путин кон Зеленски.

Scroll to Top