(ВИДЕО) Што се случи во моето тело, а што во мозокот, кога не јадев 21 ден?

Се разбира да не јадете подолг временски период не е лесно, но тоа не е затоа што сте гладни, туку тоа е поради вашата ментална зависност од храната.

Неодамна мислев дека тоа не е возможно – Престанав да јадам цели 21 ден, и знаете што се случи? Го излекував своето тело, му дадов на мојот прехрамбен систем потребен одмор, го исчистив од кандиди, ги исфрлил некои од паразитите, и ги доведов под контрола своите цистични акни – и верувале или не, јас сум сеуште овде за да ви ја раскажам приказната.

Јас се борев со тоа што го дијагностицирав како прекумерен раст на кандиди – во текот на речиси две години, но сега се прашувам дали тоа можеби бил само паразит.

Постојат тони болести кои обично се означуваат како мистериозни болести, затоа што мејнстрим медицината воопшто не ја откри причината или лекот за такво нешто, оставајќи ги луѓето во мрак, кога е во прашање нивното заздравување.

Кога прв пат дознав за „Master Fast System“ (Системот за големиот пост), чувствував дека идејата за постот, резонира со нешто што би ми помогнало со јадењето, и бев возбудена од таа предизвикувачка идеја, иако чувстував дека 40-108-те дена на пост, е малку предолг период за мене.

Одлучив да го испробам тој пост, но се прилагодив на моите потреби, чувствувајќи интутивно што ќе му помогнам на моето тело.

Направив 21 ден пост Систем, за Големиот пост, што значи дека пиев само сок од грозје, помешан со лимон, билни чаеви, и моќни тинтурами, мешавина од лушпест прав, бентонит глина и активен јаглен помешан со сок од грозје и лимон, познат како плазма „пудин“, и дневно сув пост (потполно ништо во телото) меѓу 14 и 18 часа.

Нема ли да изгубите многу од тежината?

Во текот на 21 ден, изгубив вкупно 8 килограми од кои доста беа само вода. Како што можете да видите на сликата, главното подрачје кое се намали беше мојот стомак, но тоа е затоа што секогаш бев така проширена и претходно. Овој пост во целост ја отстрани надуеноста и отоците кои речиси беа константни во мојот живот, во последните 2 години. Чувствував слатко олеснување.

Нели гладувањето е тешко?

Да. Но, тоа не значи дека нешто погрешно работите? Не. Се разбира доколку не јадете во текот на подолг временски период, не е лесно, но тоа не е затоа што сте гладен, туку поради вашата ментална зависност за храната.

Тоа е интересно, затоа што чувствуваме дека е потребно да се јаде, но повеќето луѓе всушност не сваќаат колку се зависни од храната, затоа што тоа не е само голем дел од нашата култура, туку мораме да јадеме за да преживееме. Се додека не престанете да јадете, оваа зависност нема да ви стане јасна.

Постот е начин да, не само го исчисме нашето тело и да му дадеме одмор на нашиот дигестивен систем, туку тоа е и добро за општото прочистување на мислите во умот.

Неверојатно е како главата и мислите се расчистуваат кога нема ништо во системот, без стимуланси или било која друга работа која ни го одвлекува вниманието. Станав многу посвесна за своите емоции, исто така. Кога нешто ќе искрсне, а вие немате излез за бегство – во облик на храната или било што друго, вие сте присилени да ги решавате своите проблеми. Беше многу интересно искуството во текот на целиот овој пост.

Сватив дека имав однапред создадени идеи за храната, веруваме дека ни е потребна одредена количина на храна за да бидеме здрави, но чисто ве уверувам дека ако ние го поднесеме нашето тело, и му дадеме се тоа што му треба, и му дадеме време на нашиот дигестивен систем да ја разработи храната, ние ќе бидеме во ред. Идејата да го пополнуваме нашето тело со 3 оброци дневно ми се чини апсурдна, и работата како летимичен пост, всушност има многу поголема смисла.

Дали е постот за вас?

Јас цврсто верувам дека со гладувањето, секој може да има корист. Постојат одредени начини да се спроведе постот, но важно е да се направи одговарачко истражување и да се избере метод кој ви одговара на вас, според вашите потреби, и кои ќе ви помогне.

 

Scroll to Top