(Видео) Случајни минувачи ги молеле полицајците да го пуштат Флојд или да му го проверат пулсот

На интернет се појави нова снимка од апсењето на Афроамериканецот Џорџ Флојд, на која се слуша како случајни минувачи ги молеле полицајците да го пуштат Флојд или да му го проверат пулсот. Флојд стана симбол на расна дискриминација во САД и растечка полициска бруталност.

Бен Крамп, адвокатот кој го застапува Флојд, на „Инстаграм“ објави нова сникма од убиството на неговиот клиент. На неа се гледа како полицаецот Тој Тао ги игнорира молбите на собраните минувачи да го пуштат Флојд или барем да му го проверат чукањето на срцето.

„Пуштете го, ќе го убиете човекот“, вели еден од очевидците на убстввото. Друг сведок неколку пати ги моли да го пуштат Флојд, нешто што го направиле, но дури откако пристигнала Итната помош, која го зела веќе неговото неподвижно тело во возилото.

 

View this post on Instagram

 

Warning: This is beyond disturbing, even harder to watch than the first video. “Get off of his neck! He’s not moving!” “You’re going to let him kill that man in front of you?” Tou Thao stood guard as Derek Chauvin MURDERED George Floyd … while witnesses of the execution tried to stand up for JUSTICE, tried to save George’s life! The protest of those bystanders, who refused to just stand by and let it happen, has reverberated around the world — fueling our protest against injustice and police brutality!! 8 minutes 46 seconds. The four ex-officers MUST be convicted of MURDER for this hideous atrocity! They MUST all be held accountable!! #icantbreathe #georgefloyd #justiceforgeorgefloyd

A post shared by Ben Crump (@attorneycrump) on

„Брат, тој не се помрдна ниту еднаш, тој не се мрда“, говори сведокот на снимката.
За целото тоа време, полицаецот Дерек Шовен не го поместува коленото од вратот на Џорџ Флојд, а ниту еден од тројцата преостанати полицајци не се обидува да го спречи.

„Ова е и повеќе од вознемирувачки и уште потешко за гледање од првото видео. Тоу Тао му го чувал грбот на Шовен, кој го убивал полека Џорџ Флојд, додека сведоците се обидувале да се изборат за правда и за животот на Флојд“, напишал адвокатот Бен Крамп на „Инстаграм“.
„Сите четворица полицајци мораа да бидат осудени за убиство. Сите мораат да одговараат“, заклучил тој.
За потсетување, Флојд починал откако полицаецот со колено го притискал за вратот додека лежел на земјата. Тој ги молел да го пуштат, зашто не можел да дише. Присутни биле четворица полицајци, за цело време ги снимале случајни минувачи.
Целата работа кулминирала откако Флојд бил приведен под сомнение дека пазарувал со неважечка картичка во продавница во Минеаполис.
Полицаецот Дерек Шовен е уапсен и обвинет за убиство од небрежност.
Scroll to Top