Вселенскиот телескоп на НАСА, Кеплер открил планета слична на Земјата. Научниците велат дека планетата се наоѓа и кружи околу областа „Goldilocks“ на нашата галаксија. Новата планета го добила името Кеплер-186ф и се наоѓа на 500 светлосни години од Земјата, пренесе sci-nature.
Планетата е погодна за живеење, велат научниците. Тие исто така велат дека сите објекти кои се наоѓаат во областа Goldilocks и околу ѕвездата се со планетарна маса која има доволен атмосферски притисок, за да може да се одржи течна вода на нивните површини.
Тие предвидуваат дека има најмалку 40 милијарди планети со големина на Земјата кои кружат во нашата галаксија Млечниот Пат, а ова специфично откритие е означено како првата планета со големина на Земјата која е откриена во зона погодна за живеење околу друга ѕвезда слична на Сонцето.
„Знаеме само за една планета каде што може да има живот, а тоа е нашата планета Земја. И кога го бараме надвор од нашиот Сончев систем, акцентот го ставаме на планетите кои имаат карактеристики слични на нашата Земја“, рече Елиса Кинтана, научник од Институтот SETI при Истражувачкиот центар Ејмс на НАСА во Мофет Филд, Калифорнија.
Таа е главниот автор на трудот кој е објавен во списанието Science: „Откритието на планета погодна за населување и слична на Земјата по големина, е голем напредок“.
Соседната ѕвезда на Кеплер-186ф има половина маса и големина како Сонцето на нашиот сончев систем и добива само една третина од енергијата што ја добиваме од нашето Сонце. Кеплер-186ф ја кружи својата ѕвезда еднаш на секои 130 дена.