Претседателот на САД, Доналд Трамп, не се откажува од тврдењето дека претседателските избори се украдени, а неговиот тим продолжи да изнесува докази за, како што велат, очигледните измами.
Најновото видео кое го објави неговиот тим е снимка од безбедносните камери од едно од местата за броење на гласови во сојузната држава Џорџија.
Video footage from Georgia shows that poll workers were told to stop counting and leave, while 4 people stayed behind to continue counting ballots in private pic.twitter.com/bEYdFMAvsa
— Team Trump (@TeamTrump) December 3, 2020
Како што се тврди, на него јасно се прикажани 4 лица, кои од непознати причини останале во просторијата, откако претходно им било кажано дека броењето за тој ден завршило.
Исто така, се гледаат повеќе боксови со полни гласачки ливчиња, кои се извлекуваат под црната маса, откако супервизорите наредиле просторијата да се испразни.
За какви гласачки ливчиња станува збор, засега не е познато, но се поставуваат прашања, зашто тие гласови се одвоени од другите, каде ги носат и како е можно луѓето на снимката и понатаму да престојуваат во просторијата, без сведоци.
Исто така се додава дека машината за броење можела да пребројува по 3000 гласачки ливчиња на час, а луѓето од снимката, поминале во просторијата најмалку два часа.